Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Штипските пожарникари со апел граѓаните да си ги чистат оџаците

Штипските пожарникари апелираат добро да се ичистат оџаците, со цел да нема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штипските пожарникари апелираат добро да се ичистат оџаците, со цел да нема пожари во текот на грејната сезона. Командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ) –Штип, Благој Ренџов вели иако на почетокот на декември бројот на пожари на оџаци во куќи и станбени згради е намален  во споредба со минатите години, сепак граѓаните мора превентивно да ги исчистат оџаците, со цел да не дојде до пожари, во кои има голема материјална штета, но може и некој да го изгуби својот живот.

-Значи секогаш пред употреба на огревни дрва, треба добро да се проверат грејните тела и да се добро исчистат оџаците. Пожарите претежно настануваат од недобро исчистени оџаци, имаме запушување на оџакот и запалување на истиот, вели Ренџов.

Тој додава дека  мокрите дрва се најчеста причина за оџаците да се запушат, а потоа и да се предизвика пожар. Апелира граѓаните да бидат претпазливи и да внимаваат во своите чекори.

Реклама

Како што велат од ТППЕ Штип во овој период од годината имаат намален број на интервенции на објекти, како и на отворен простор.