Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Штипската Клиничка болница го намали долгот и пополни дел од испразнетите работни места во 2025 година

Клиничка болница-Штип во годината што изминува работеше на намалување на дефицитот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Клиничка болница-Штип во годината што изминува работеше на намалување на дефицитот на лекари, медицински сестри, болничари. Во текот на годината реализирани се 36 вработувања, а преку владиниот проект се вработија и 18 приватни специјализанти. Оваа болница, која е од регионален карактер со години функционира со околу 30 отсто помалку кадар од предвиденото, согласно систематизацијата на работни места.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев најави дека во 2026 година планирани се вработување на здравствен и технички персонал. Веќе во првите месеци од годината се очекува да биде распишан оглас за вработување на уште 25 медицински сестри, болничари и хигиеничари.

-Во 2026 Стратегија ни е поагресивно да имаме прием на персонал, кој во моментот е најдефицитарен, а тоа се медицински сестри, болничари, хегиеничари, администрација и техничачки персонал, вели Захариев.

Реклама

Тој истакна дека 2025 година била година на финасиска консолидација. направен е значителен исчекор во намалувањето на заостанатиот долг. Од август минатата година до крајот на оваа вратени се над 150 милиони денари. Зафариев додава дека најголем дел од  долгот што ќе остане, односно околу 60 отсто е кон Центарот за трансфузиологија.

-Споредбено со долгот од август 2024, кога ја и презедов функцијата долгот беше 188 милиони денари и очекуваме до 31 декември долгот да го намалиме и да биде околу 35 милиони, рече Захариев.

Планиран е нов буџет на Клиничка болница-Штип и од Фондот за здравствено осигурување ќе се бара зголемување од 35 до 40%, а во него се планирани набавка на апарати, како и сервисирање на старите апарати и нови вработувања.