Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Штипската јавност во исчекување на утрешната пресуда за убиството на 29 годишната Емилија Пешева

Семејството на 29 годишната Емилија Пешева, од Штип во исчекување на утрешниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Семејството на 29 годишната Емилија Пешева, од Штип во исчекување на утрешниот ден кога судот, ке  ја изрече пресудата за убиецот на нивната ќерка. Не се сомневаат дека Фадил Зејнелов ќе биде казнет, но за да се задоволи правдата бараат доживотен затвор за него. Доколку не се задоволни од пресудата, единствен механизам им е обвинителството да поднесе жалба, објаснува нивниот адвокат. Обвинителката, пак вчера побара доживотен затвор за Зејнелов и да му се суди за кривично дело убиство извршено при родово-базирано насилство или фемицид.

„Во случајот само обвинителот, има право на жалба во делот на казната, а ние како полномошници имаме право на жалба само во делот   на евентално  досудените трошоци или штета“ изјави адвокатот Мишко Чолаков.

И според родителите на Емилија, правдата ќе биде задоволена само со изрекување на доживотна казна. Велат, убиецот тоа го заслужува бидејќи уште додека бил во затвор им се заканувал дека ќе посегне по животот на нивната ќерка. Негираат дека ја убил поради неверство, туку таа повеќе не сакала да му ги дава парите што ги земала од државата по основ на нега и детски додаток.

Реклама

„Не е поради неверство. Тој се закануваше деќа ќе ја убие. Има докази, ако треба ќе ги викнам луѓето да сведочат. Се јави од затвор, рече спремајте се јас ќе направам такво дело, шо ќе се запамети“ изјави Џемиле Сала, мајка на убиената Емилија Пешева.

Емилија и нејзиниот убиец, Фадил Зејнелов, биле во љубовна врска, во која таа често трпела насилство, посебно кога не сакала да му дава пари за комар. Според родителите и кобната вечер откако ја убил отишол во казино, па потоа сам се пријавил во полиција. Инаку ова е втор случај на фемицид во источниот регион. Претходно, за кривично дело убиство при родово-базирано насилство му се судеше и на Усеин Рашидов, кој во 2023, со над 40 убоди од нож ја уби Танкица, од Кочани. Основниот суд во Кочани го осуди на доживотен затвор, но убиецот сам си пресуди во притворската ќелија во Куманово, пред пресудата да стане правосилна.