Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Штип забрзано се развива и гради со сретствата од унгарскиот кредит

Штип забрзано се развива и гради. Најдоцна до декември  во употреба ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штип забрзано се развива и гради. Најдоцна до декември  во употреба ќе биде пуштена новата обуколница. Браната Отиња ќе биде готова наредната година, а бања Кежовица ќе отвори нови перспективи за бањски туризам. За развој на градот, ќе се инвестираат дополнителни 70милиони денари за водововодна и канализациона мрежа.

„Заедно со градоначалникот работиме и во финална фаза сме на изработка на ДУП за бањата Кежовица која што треба да отвори многу перспективи за развој на туризмот, пред се на бањскиот туризам и исто така една убава викенд населба што ќе значи многу за целиот источен регион и третиот проект е браната Отиње која што треба да е една туристичка атракција. Обезбедивме дополнителни 145 милиони денари и се реализира во моментов„ изјави министерот за транспорт и врски, Александар Николски.

Денеска премиерот и министрите за транспорт и врски и локална самоуправа, заедно со градоначалниците  извршија увид во градежните активности на проектите кои  во Штип и Карбинци, се градат со пари од  владиниот прв јавен повик за проекти од инфраструктурен развој.  Во Штип се гради обиколница, а во Карбинци улици..

Реклама

„Перспективно ова е иден развој за градот, имајќи во предвид дека согласно ГУПовде се предвидува зона за домување и лесна индустрија„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип

„Се работи за сервисна улица 5, дел од главната улица во најголемото населено место , село Таринци. Станува збор за улица долга 400метри и широка 9,5метри„ изјави Виктор Паунов, градоначалник на Карбинци.

Огромен е интересот и за општините кои со проекти аплицирале на вториот јавен повик , истакна министерот за локална самоуправа. Општина Штип аплицираше со шест проекти во висина од 388милиони денари, а Карбинци со 4милиони денари.

„Овие проекти не само што значително ја подобруваат инфраструктурата во рамки на сите локални самоуправи во Македонија, туку тие се и надеж дека во Македонија, повторно ќе може соодветно и модерно да се живее„изјави Златко Перински, министер за локална самоуправа

На општините со вториот јавен повик на располагање ќе им бидат 15милјарди денари за изградба на градинки, паркови, водоводи и канализации