Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Штип ја зголемува безбедноста со поставување на камери од „Безбеден град“

Штип има сериозен план како да ја зголеми безбедноста во градот.. Со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штип има сериозен план како да ја зголеми безбедноста во градот.. Со инсталирање на над двесте камери на најфрекфентните точки во градот, надлежните се надеваат дека ќе се воведе ред во сообраќајот, а ќе се намали и девијатното однесување на тинејџерите. Повеќе  3 милиони денари годишно, општината плаќа само за санација на искрешени постојки, клупи, канделабри.

Со инсталирање на над 200камери на најфрекфрентните точки во градот, Штип ќе ја зголемува безбедноста во сообраќајот, но и ќе ја јакне свеста на граѓаните како  да се грижат за јавното добро. Со цел да се намали девијантното однесување кое во изминатиот период е се почесто застапено, освен на крстосниците и улиците, видео надзор ќе се поставува и во парковите, градинките и училиштата.

„Практично ќе имаме видео надзор на голем процент на територијата на Штип. Верувам дека ова ќе користи за санкционирање на сите девијантни појави во сообраќајот, но и при уништување на јавното добро, без разлика дали е тоа урбана опрема или инфраструктура. Сепак тоа се пари на граѓаните и мора да ги чуваме„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Реклама

Детските реквизити, клупите, светилките, постојките се најчеста мета на која тинејџерите го исфрлаат својот бес. За да се поправи она што е уништено, годишно од општинскиот буџет се трошат над 3милиони денари

„Секојдневно има девијантни појави. Се оштетуват постојките, урбаната опрема. Еве столбчињата што ги поставуваме, веднаш ги уништуваат. Ние може само да апелираме за поголема колективна свест кај граѓаните„ изјави Панче Стефановски, дир. на ЈП„Стипион„-Штип

Вандализмот и уништувањето на опремата на јавните површини не се за правда за спроблем само за Штип, туку и за другите градови. За да се спречи, покрената е иницијатива со која младите кои ќе бидат фатени, но и нивните родители да бидат вклучени во општокорисна работа.