Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Прилози

Штип и Гоце Делчев добија европски пари за заеднички проект за уредување на градовите

Со европски пари, Штип ќе ги разеленува запуштените површини. Од денес започнува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со европски пари, Штип ќе ги разеленува запуштените површини. Од денес започнува изградбата на еден од трите паркови, со кои градот под Исарот ќе добие повеќе од еден хектар нови зелени површини. Нивната изградба ќе чини околу 280.000 евра, средства обезбедени преку проект од ИПА3 програмата за меѓугранична соработка.

„Започнуваме во населбата 8ми Ноември веднаш до пешачката патека. Станува збор за една површина која досега беше неуредена, запоставена. Сега граѓаните ќе може да релаксираат и да го поминуваат своето време. Исто така е предвидено паркови и на уште две локации“, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Во проектот „Трансформирање на урбаните делови со зелена инфраструктура„ партнер на Штип, е градот Гоце Делчев во Бугарија. Тамошната локална самоуправа ќе го уредува плоштадот „Македонија“.

Реклама

„Кај нaс ќе биде обновен и реконструиран плоштадот „Македонија“, односно просторот пред Домот на културата како и целиот парк. Зелената инфраструктура е веќе застарена и има потреба од нејзино обновување“, изјави Владимир Москов, градоначалник на Гоце Делчев, Бугарија.

Проектот чини околу 860.000 евра и треба да се реализира во рок од 24 месеци. 15% од средствата се кофинансирани од Министерството за локална самоуправа.

„Очекувањата од овој проект се заштита на животната средина, поголема зелена површина и отварање на нови работни места“, изјави Стефан Ангелски од Министерството за локална самоуправа.

„Центарот за развој на Источно планскиот регион како партнер во овој проект ќе има за задача да изготви стратегија за зелена инфраструктура за двете општини и Акционен план за реализирање на активностите“, изјави Трајче Здравков, дир. на ИПР.

Преку ИПА програмата, двете општини Штип и Гоце Делчев ќе работат и на јакнење на туристичките понуди. Во Штип, е предвидено  на една од куќите, кои градот ги доби како подарок од д-р Жан Митрев да и се врати стариот лик, архитектура крактеристична за штипско Ново Село.