Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Шокот се претвора во тага: Младите кои загубија другари и роднини во Кочани соочуваат со панични напади и анксиознос

По првичниот шок од трагедијата во Кочани, сега почнува периодот на тага.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По првичниот шок од трагедијата во Кочани, сега почнува периодот на тага. Учениците кои во пожарот во дискотеката „Пулс„ изгубија соученици, другари, роднини се соочуваат со панични напади и анксиозност.Психологот Емилија Бошковска, која е дел од тимот кој во групни сеанси работи со средношколците од овој регион, вели дека кај дел  од учениците во Штип, Кочани, Облешево, Виница и Пробиштип се забележани и емоции на лутина.

 „Ова е колективна траума и кај секој е различно и во различен степен засегнат. Не можам да кажам дека ни еден од жителите на овој регион, па и во Македонија не е афектиран од сето ова. Сите ние сме афектирани. Секој со своето темпо ќе заздравува. Народски кажано имаме седум дена, четириесет дена од тагувањето, но ниедно правило во овој момент не може да биде валидно за сите„ изјави Емилилја Бошковска, од Комората на психолози.

Во моментот на терен волонтерски работат 130 психолози, над 30 од нив се во Кочани. Бројот на волонтери постојано се зголемува , а сите претходно поминаа обука за постапуваање во оваа кризна ситуација, изјави министерката за образование, Весна Јаневска која го посети средното медицинско училиште „Јане Сандански„ во Штип, каде што во еден клас има тројца починати, а во друг неколкумина се повредени. Освен психо-социјална поддршка, важен аспект на кој министерството ќе посвети внимание е одржување на безбедносните стандарди во сите училишта низ државата.

Реклама

„МОН, минатата недела испрати писмо до општините и државните училишта да се направи дополнителна проверка на безбедносните системи, односно да се види дали има проценка на ризик од катастрофа, дали има план за справување со катастрофи и дали опремата која е потребна како ППЕ апарати, хидрантни и друга опрема ја има во училиштата. Од ЗЕЛС разбравме дека најголем дел од училиштата ги содржат сите овие елементи„ изјави министерката за образование, Весна Јаневска.

Во рамки на Универзитетот, во Штип е отворен и Центар за младинско советување, кое е збирно место на психолозите кои работат на терен. Овде сите граѓани и ученици кои ценат и имаат потреба од разговори може слободно да се обратат и да добијат насоки како да се изборат со трагедијата. Од Комората на психолози, повикаа и останатите колеги да се вклучат во акцијата и да помогнат во надминувањето на оваа колективна траума.