Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Шест компании останаа без лиценци за одлегување канабис, меѓу нив и двете од кои беше запленета марихуана

Шест компании остануваат без лиценца за производство на канабис за медицински цели.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шест компании остануваат без лиценца за производство на канабис за медицински цели. Владата им ги одзеде дозволите а меѓу главните комапнии е и и „Алфа фарм“ чиј косопственик е вмешан и осомничен со случајот со запленетите пет тони марихуана во Србија. Причините се сериозни прекршувања на законот – не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин. Здравствените власти откриваат дека инспекторите на терен затекнале сув цвет чуван несоодветно- веќе отворен, без запечатување,ставен во обични картонски кутии. Наместо под строги стандарди – како што налага законот.

Контролите опфатиле 13 од вкупно 43 лиценцирани компании. По оваа акција, следуваат и построги проверки и можно е списокот на одземени лиценци да се зголеми.  

Контролите следуваат откако во Србија беше запленета поголема количина марихуана, за која се сомнева дека потекнува од земјава. Државата најавува дека нема толеранција за прекршувања кога станува збор за производство на медицински канабис.

Реклама

Под раководство на Обвинителството за организиран криминал и корупција, властите отворија обемна истрага по заплената на марихуана во земјава и во соседна Србија..

Донесена е наредба за истрага против шест лица, осомничени дека организирале продажба и транспорт на наркотични средства.

Уште 10 лица заработија кривични пријави, а две веќе се во притвор.

Акцијата следи по заплена на големи количини марихуана на повеќе локации низ државата, дел од случаите завршиле и надвор од границите.