Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Шабан Салиу со пензионерите во Шуто Оризари по повод Меѓународниот ден на старите лица

Кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари и претседател на Демократските сили…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари и претседател на Демократските сили на Ромите (ДСР), д-р Шабан Салиу, вчера оствари средба со пензионери од општината по повод Меѓународниот ден на старите лица. Целта на средбата е дијалог за потребите на највозрасните сограѓани и претставување на приоритетите за системска поддршка, активен живот и поголема безбедност во маалата, се наведува во соопштението од ДСР.

„На Меѓународниот ден на старите лица го повторуваме нашето ветување дека секој пензионер заслужува сигурност, почит и внимание – секој ден, а не само денес. Со изборот на  бројот 24 на локалните избори ќе обезбедиме повеќе програми, активности и поддршка за нашите највозрасни сограѓани. Време е да им вратиме на постарите генерации дел од љубовта и трудот што тие го вложија за сите нас,“ изјави д- р Салиу.

На средбата беа претставени и дел од програмските приоритети на д-р Шабан Салиу, а кои се насочени кон овозможување на дневни и клубски активности за пензионерите, мобилна услуга за домашна поддршка, превентивни здравствени пунктови со бесплатни мерења и совети, субвенции за културни настани, како и програми за меѓугенерациска солидарност и дигитална писменост.

Реклама

Д- р Салиу најави дека приоритет ќе биде редовен календар на активности во соработка со здруженијата на пензионери, јавна транспарентност за нивната реализација и директна линија за пријава и брза интервенција на општинските служби во случај на итни потреби на пензионерите.

„Нашата визија е јасна – достоинствен и активен живот за секој пензионер во Шуто Оризари, со мерливи резултати и отчетност пред граѓаните,“ додаде д-р Салиу.