Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Села негира дека комуницира со Меџити и оти ќе биде дел од Владата

Откако вицепремиерот и еден од лидерите на Коалицијата ВРЕДИ Изет Меџити вчера…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако вицепремиерот и еден од лидерите на Коалицијата ВРЕДИ Изет Меџити вчера на телевизиско гостување рече дека претседателот на едното крило на Алијансата за Албанците дел од Националната алијанса за интеграција, Зијадин Села може да биде дел од Владата и оти комуницираат, тој со објава на својот Фејсбук го негира сето тоа.

-Политичката сцена е толку измешана, рече Изет, и тој не знае со кого комуницирал… Лагата е измешана, Изет, пропагандата и невистината. Вистината е секогаш чиста и неизмешана, таа е само една и не може да има две или повеќе. И оваа вистина звучи вака, Изет! Ти во комуникацијата со мене НЕ. Јас дел од владата НЕ. Јас на страната на оние кои сакаат да ги поништат нашите права како народ НЕ. Уште еднаш повторувам, ги мерам моите достигнувања во политиката според тоа колку сум придонел за тоа Албанците да бидат порамноправни, а не според привилегиите на власта. Ќе имаме работа заедно во Парламентот со вас и со ВМРО. Како и секогаш, власта од едната страна, а јас од другата. Не еден до друг, туку лице в лице!, напиша Села.

Во однос на можноста Зијади Села да влезе во Владата, Меџити вчера во гостување на ТВ 21 изјави дека не го го негира тоа, бидејќи политичката сцена кај албанските партии сега е „измешана“.

Реклама

-Не го негирам тоа. Може да биде, рече Меџити, а на прашањето дали имало некаков разговор одговори: „Комуницираме. Политичката сцена стана толку измешана, се случија многу турбуленции сè додека не се формираа два табора. И мислам дека сè уште ќе има турбуленции“.