Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

🎥 Седница на Советот за безбедност во Вила Водно – Камери и дронови ќе ги „ловат“ подметнувачите на пожари

Безбедноста состојба на Македонија е стабилна, државата има капацитет да се справи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Безбедноста состојба на Македонија е стабилна, државата има капацитет да се справи со пожарите, а собраниските тела за евроинтеграции да се заложат да да се надминат сите слабости кои ги констатира Европската комисија во однос на напредокот на земјата. Ова е заклучот од втората седница на Советот за безбедност. Во Вила Водно државниот врв дебатираше повеќе од 2 часа, со посебен акцент на пожарите кои беснеат во Македонија. Како што информираше претседателката Сиљановска Давкова состојбата со пожарите е стабилна, а премиерот Христијан Мицкоски информирал за систем за превенција на кој работат, употреба на камера и дронови „со кои точно би се лоцирале опасностите, па и извршителите. Има сомневања дека дел од пожарите не се последица на високите температури, туку се намерно подметнати, рече претседателката. 

  • „Има сомневања дека дел од пожарите не се последица на високите температури, туку се намерно подметнати. Но додека трае предистражната постапка, сето тоа останува на ниво на претпоставки“, посочи претседателката.

Жестока дискусија имало и за состојбата на Блискиот исток, сите присутни на состанокот биле со „неподелени ставовите за потреба од мир“, но поради отсуството на министерот за надворешни работи и трговија, претседателката не зезама став за евентуални ограничувања кон Израел.

  • „Имавме бурна дискусија, но сите членови се согласија дека безбедносната состојба во земјава е стабилна и под целосна контрола. Не се очекуваат сериозни безбедносни закани“, изјави Сиљановска.

На состанокот се говорело и за состојбата во регионот, односно случувањата во Босна и Херцеговина, институционалната криза во Косово поради неможноста да се конститурира Собранието, како и во соседна Србија каде има низа сериозни проблеми.  И окрај овие предизвици во регионот, не се очекува тие да се одразат врз македонската безбедносна состојба – истакна Силјановска-Давкова.