Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

🎥 Се уриваат објектите на трасата на изградба на булеварот „Партизанска“ во Штип

Почнаа да се уриват објектите кои ја кочеа изградбата на булеварот „Партизанска„…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почнаа да се уриват објектите кои ја кочеа изградбата на булеварот „Партизанска„ во Штип. Општината постигна договор со семејствата кои  под кирија неколку децении  живееја во овие објекти. Иако со нив   стопанисува Јавното претпријатие за станбен и деловен простор,  дел од објектите станарите на диво ги доградувале и надградувале. Сега  на нивно место ќе се гради нов кружен тек кој треба да поврзе неколку населби во тој дел од градот.

„Повеќе од десет семејства ќе бидат сместени во новите типски куќи коишто се наоѓаат во населбата Св.Недела, а овде проолжуваме со активностите на булеварот „Партизанска„ и очекуваме до крајот на летото согласно динамиката на оваа локација да има кружен тек кој ќе го поврзе булеварот со населбите 8ми Ноември, Сењак 4 и Баби„ изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Изградбата на типските куќи во кои треба да се вселат околу четириесеттина семејства е при крај. Дотогаш семејствата кои живееја во објектите кои  се рушат се сместени кај роднини, а еден дел и во студентскиот дом во центарот на градот.

Реклама

„Поголем дел од станарите се сместени кај нивни роднини и пријатели. Типските куќи интензивно се работат. Во прашање се денови кога истите ќе бидат ставени во функција. Еден мал дел се сместени во приватен објект, кој практично ние го мониторираме„ изјави Јорданов.

Доизградбата на булеварот „Партизанска„ е во должина од еден километар , а по целосно комплетирање на градежните активности ќе биде најголемата улица во Штип. Според планот треба да биде готов до септември, а на кружниот тек ќе се постави 20метарски крст кој градот ќе го добие како донација. Веднаш до булеварот ќе се изгради и мега парк со површина од околу 70.000 метри квадратни,