Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Се размислува за промени во начинот на функционирање и финансирање на студентските домови

Долговите кои ги генерираат студентските домови, како резултат меѓу другото и на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Долговите кои ги генерираат студентските домови, како резултат меѓу другото и на лошото менаџирање, датираат одамна. Проблемите кои со години се ставале под тепих, сега мора да ги решава оваа Влада.

Министерката за образование Јаневска обзнани дека во моментов четири студентски дома се во незавидна ситуација со големи долгови. Еден од нив е и охридскиот студентски дом „Никола Карев“, во кој поради неплатени сметки за електрична енергија, два дена студентите седат без струја. Министерството ќе помогне во решавањето на овој проблем, но ќе треба да се направат измени во начинот на функционирање на домовите, вели ресорната министерка.

„Ќе треба да ја промениме методологијата на финансирање на студентските домови, бидејќи е таа многу стара и дополнително, покрај недомаќинското работење, придонесува одредени домови да се најдат во посериозна ситуација“, вели Весна Јаневска, министерка за образование.

Реклама

Директорот на охридскиот студентски дом кажа дека ЕВН ги исклучила од напојувањето со електрична енергија поради неплатен тримесечен вкупен долг од еден милион и седумстотини илјади денари.

„Проблемот со снабдувањето со електрична енергија во текот на денов добив известување дека ќе биде решен, односно со одлука на Влада ќе поминат тие средства кои што ДСЗ „Никола Карев“ ги должи на ЕВН“, вели Жарко Куциноски, директор на студентски дом „Никола Карев“.

Оние кои се нафаќаат со менаџирање на студентските домови треба многу одговорно да си ја вршат работата, оти долговите тешко се враќаат, порача министерката Јаневска. Годинава треба да се донесе и нов закон за младински стандард, во кој што меѓу другото ќе има и нов модел на финансирање на студентските домови. Инаку, Министерството за образование наследило долг од 5 милијарди денари.