Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Економија

Се работи на изградба на пругата кон Бугарија, за тунелот позитивни сигнали од Софија, вели Николоски

Вицепремиерот Александар Николоски вели дека се работи на изградба на пругата кон Бугарија, а за тунелот биле добиени позитивни сигнали од Софија. – Проблемот со Бугарија во однос на пругата е решен. Тоа беше чисто технички проблем. Добиваме позитивни сигнали за тунелот, штом колегите од Бугарија се подготвени, ќе работиме и на граничниот тунел – […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот Александар Николоски вели дека се работи на изградба на пругата кон Бугарија, а за тунелот биле добиени позитивни сигнали од Софија.

– Проблемот со Бугарија во однос на пругата е решен. Тоа беше чисто технички проблем. Добиваме позитивни сигнали за тунелот, штом колегите од Бугарија се подготвени, ќе работиме и на граничниот тунел – информира вицепремиерот Николоски во поткастот „Риштази“.

Тој појаснува и до каде се работите во врска со ова прашање.

Реклама

– Проблемот со Бугарија за пругата го решивме. Во ноември потпишавме меѓудржавен договор со тогашниот вицепремиер и министер за транспорт Гроздан Караџов. Сега се избра нова влада во Бугарија и добиваме сигнали дека сакаат да продолжат. Ние од наша страна си ја работиме работата. Од Скопје до Куманово имаме железничко поврзување. Минатиот јануари 2025 година го отворивме потегот од Куманово до Белјаковце. Сега интензивно работиме на Бељаковце до Крива Паланка. И за третата делница, тоа е од Крива Паланка до границата со Бугарија, веќе е објавен тендер за надзор, а очекувам следните недели да се објави тендер за избор на изведувач. Таму работиме со Европската инвестициска банка и ќе одиме според нивни правила. И штом колегите од Бугарија се подготвени, ќе работиме и на граничниот тунел. Таму се сложивме да градиме по наш проект и да имаме некаде 2031 или 2032 година поврзување Скопје – Софија – додава Николоски.