Се подметнува пожар на една локација, за да може да се крадат дрва на друга – ова е веројатно сценариото по кое работат дрвокрадците во Македонија.
Полицијата изминативе денови во повеќе наврати фати камиони полни со исечена квалитетни дрва. Надлежните се сомневаат дека ако изминатите години добар дел од пожарите во дабовите шуми се подметнуваа за да потоа да има сеча и продавање на дрвата, сега се пали нискостеблеста шума, и додека сите капацитети се насочуваат за гаснење на пламените јазици, дрвокрадците ја користат ситуацијата да сечат и да ги полнат камионите.
- „Она која што ни се случува из минативе месеци, па и бе рекол две години, пред се мислам на 2024. и 2025. година, од она која што го видов и го гледаме сите на терен, се изпоставува дека бројката на пожари е огромна. Меѓутоа, многу мал дел од тие пожари се запалени директно во шума кој што пожари би продуцирале ефтина дрвна маса после тоа. Тука пред се сметам дека има некоја друга координираност во однос на палењето пожари, и причина со која одредени структури во Македонија би сакале да ја испробуваат можността на државата да се справи со пожарите од ваков обем“ вели заменик-директорот на Национални шуми, Кире Михаилов.
Од Национални шуми апелираат правосудните органи да изрекуваат високи казни за пироманите и дрвокрадците.
- „Јас тие би ги нарекал воени профитери и сметам дека судовите и обвинителството треба да го вземат това в обзир, т.е. при изрекуване на казните на овие луги да бидат много по-ригорозни, затоа што, верувајте, много е тежко, кога целиот систем на државата е насочен кон справуњето со една катастрофа, а одредени луѓе на друга страна прават друга катастрофа... Токму и таа причина и за таа цел ние ги воведуваме ионија забрани за движање во шума и истите даваат резултат. Значи, има доста пријави на ниво на Р. Македонија во однос на затекнати грагени кои што движат во шумата без соодветни дозволи“ рече во изјава за Алфа КИРЕ МИХАИЛОВ – Заменик – директор на Национални шуми.
Досега освен дрвокрадци, со лисици на рацете завршија најмналку 10-тина подметнувачи на пожари. Полевале безнин врз палети, па ги палеле во шума со смрека, беа фатени дури и малолетници со петарди и полни шишиња со безнин, а пожари се подметнувале и со автомобилски гуми. Полицијата за сите поднесе кривична пријава.

