Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

СДСМ: Зошто МВР дозволило да се случи концертот на Аца Лукас, одговорност за пропустите 

Скандалот со приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас и одговорите на градоначалникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандалот со приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас и одговорите на градоначалникот Митко Јанчев потврдуваат дека на концертот имало преку 700 луѓе во локал кој по закон не смеело да има ниту 200. Ова значи дека и полицијата на Тошковски и општината на Јанчев знаеле за концертот, знаеле дека нема безбедносни услови тој да се одржи и ништо не презеле, дозволиле истиот да се случи, а дури во текот на настанот да биде прекинат. , се вели во соопштението од СДСМ.

МВР, Тошковски и Јанчев мора да ги одоговорат: 

Зошто воопшто е дозволено настанот да започне и да влезат 700 луѓе кои со тоа се ставени во ризик од нова трагедија?

Реклама

Зошто и покрај тоа што јасно ги прекршиле безбедносните протоколи организаторите и сопственикот на локалот не се повикани на одговорност?

Дали дискотеката ги запазила сите прописи, дали е регистрирана како ноќен клуб и кабаре, дали вака не е потенцијал за ново Кочани?

Дали ништо не научија МВР и Тошковски повторно дозволува да се случуваат ризични настани по безбедноста на граѓаните како оној во Кочани? 

Дали МВР намерно дозволиле повеќе часови да се одржи настанот па дури потоа го прекинале?

Според информациите полицијата го прекинала настанот дури после полноќ односно во 00:10 часот откако тој со часови бил преполн од гости. 

СДСМ бара итно да се отвори истрага и да се санкционираат сите кои дозволиле да се случи настанот, од МВР кои ништо не презеле па се до организацијата. Тошковски  мора итно да излезе и да одговори и да понесе одговорност.