Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

СДСМ: Со линеарното зголемување на пензиите оштетени се над 300 илјади пензионери

Власта спроведува историска имама на пензионерите. Со последната одлука за зголемување од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта спроведува историска имама на пензионерите. Со последната одлука за зголемување од само за 1.000 денари, пензионерите се оштетени не еднаш, туку двапати – во септември 2025, и уште еднаш во март 2026.

Зошто?

Затоа што со ваково линеарно зголемување од 1.000 денари, Владата го укинува правичното законско усогласување – со што пензиите ќе се зголема многу повеќе.

Реклама

Механизмот што го донесе СДСМ да ги штити пензиите од инфлација и раст на трошоците за живот ќе значеше зголемивање на сите пензии за 5% во септември и уште 5% во март, со сегашното ниво на трошоци и плати.

Сега, 92,5% од сите пензионери – над 318.000 луѓе – се оштетени и ќе добијат помали пензии отколку што реално им следува и заслужиле.

Некои помали дури и за 2.000 денари, некои помали и за 4.000 денари.

Ете толку им краде владата на пензионерите во септември и март.

Само 7,5% ќе добијат некаква корист, и тоа – помалку од тоа што им следува и го заслужиле.

Ова не е „повисока пензија”, ова е системска измама и пресметан грабеж.

Погрешните политики на Владата на Мицкоски се рецепт за сиромаштија на пензионерите.

Инфлацијата во земјата изнесува 4,5% – што директно го јаде животниот стандард на пензионерите.  Трошоците за живот пораснаа за над 6.000 денари годишно.

А дефицитот на ПИОМ фондот надминува 47% и секојдневно расте. Ова е сериозен аларм и загрозување на исплатата на пензиите во иднина.

Луѓето кои целиот живот го посветивте на работа, на земјата, на општеството не заслужувата ваков однос од сопствената власт.

Не смееме да дозволиме оние што ги изградиле училиштата, болниците, патиштата, фабриките – денес да живеат со страв од сметки, со скратена пензија, со чувство дека се заборавени.

Пензинерите не бараат милостина, им следува она што со години, со труд и одрекување, го заслужиле.