Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

СДСМ: Освен медиумска промоција на наводни промени, буквално ништо не се има поместено во ВМРО-ДПМНЕ

Освен медиумска промоција на наводни промени, ништо, буквално ништо не се има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Освен медиумска промоција на наводни промени, ништо, буквално ништо не се има поместено ниту еден милиметар во ВМРО-ДПМНЕ, наведува СДСМ во соопштение. Од талог до победа и назад, Конгрес на ДПМНЕ и програма 2030. Кога воопшто имало какви било промени во ВМРО-ДПМНЕ откако партијата ја презедоа Никола Груевски и Сашо Мијалков?

Освен медиумска промоција на наводни промени, ништо, буквално ништо не се има поместено ниту еден милиметар во ВМРО-ДПМНЕ. До ден-денес. Кој не разбира дека изјавите „во наредните шест месеци ќе има промени“ се лага нека размисли: планираат избори на пролет, за какви промени зборуваат?

Мицкоски се обидува да копира нешто од промените во СДСМ ама само како шминка. Неговата намера е поинаква.  Ќе ги турка своите козметички финти во партијата, како што го прави и во Владата. Иста приказна, само поинакво пакување. На Мицковски, познат како Мицко Антикорупцискиот тим на СДСМ му дише во врат, нему и на сите негови криминалци. 

Реклама

Се открива дека Мицковски е на врвот на организираната криминалната група наречена ВМРО-ДПМНЕ во Македонија. Ама Главниот шеф е во Будимпешта. Оваа група делува на територијата на целиот Балкан. Истото се случува и во Србија веќе подолго време. Народот таму се крена. Наскоро ќе ги откриеме нивните поврзаности.

Зошто се подготвуваат за избори на пролет? Сакаат по секоја цена да се обидат, на било каков начин, не бирајќи средства ниту методи, да обезбедат уште четири години власт. А во тие четири години да си обезбедат амнестија за себе, целосно да ја изолираат Македонија, да продолжат да крадат, да ја претворат во азил центар за сите свои криминални членови.

Тоа особено важи за нивниот шеф, кој доколку дојде до промени во Унгарија, ќе ја загуби заштитата од Орбан. Затоа намерно се работи на тоа да нè заобиколуваат коридорите, да се пропуштаат мигранти, да се стопира европскиот пат преку конфликти и измислување нови услови.

На граѓаните тоа мора да им стане јасно. Сè ова е старата приказна кога крадецот вели „држете го крадецот!“ Наскоро ќе го објавиме целиот систем на лаги. Граѓаните бараат правда! Работата не е завршена! Сите ќе одговараат.