Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ го преземаат Обвинителството и судството

Притисокот за смена на Јавниот обвинител е дел од сценариото на ДПМНЕ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Притисокот за смена на Јавниот обвинител е дел од сценариото на ДПМНЕ и Мицкоски за целосно преземање на Обвинителството и Судството. Обвинител под контрола на Мицкоски и ДПМНЕ. Судии под контрола на Мицкоски и ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

Целосна окупација и партизација на судството, враќање на „тефтерчињата“, погребување на правдата.

Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ беше назначена за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители.

Реклама

Исто како во времето на Никола Груевски и по истото сценарио што Вучиќ го спроведува во Србија.

Токму денеска во собранието на Србија започна расправа за реформи во Уставниот суд, исто како кај нас, и наместо реформска агенда се поставуваат инсталации на власта.

Сè е диригирано и синхронизирано. Copy-paste.

На власта во Македонија ѝ гори под нозе. 

Секој ден Антикорупцискиот тим на СДСМ (АКТ) објавува корупциски скандали – како преку наместени тендери се пумпаат милиони евра од џебовите на граѓаните. А од власта – никаква реакција!

Сè е поклопено. 

Политички прогон, измислени кривични пријави, лажни вести, манупулации, злоупотреби на институциите, партизација. Ја пуштија дури и Катица Јанева, за да им служи како алатка во политичка кампања.

Режим 2.0.

Нема да ви помине! Народот ве чека за да ви каже крај.

Нема да се спасите! Сите ќе одговарате!