Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

СДСМ: Македонија повторно изолирана

Македонија повторно се наоѓа во изолација. Наместо држава што чекори напред, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија повторно се наоѓа во изолација. Наместо држава што чекори напред, со јасна европска перспектива, денес гледаме изолирана земја додека целиот регионот напредува, се наведува во соопштението од СДСМ. Нема реформи во ниту една сфера, економијата тоне, странските инвеститори си заминуваат, власта сака повторно да го конторлира судството, целосно е заглавен европскиот пат на земјата. 

Власта вели „не е време за реформи“ и ја турка земјата во опасен правец. Тоа е истиот рецепт што Груевски го применуваше пред бегството во Будимпешта. Наместо партнерство со нашите сојузници не се случува ништо, не сме во периметарот на ниту еден наш стратешки партнер. Секојдневно станува сè поочигледно дека Никола Груевски од Будимпешта е вистинскиот центар на одлучување во ВМРО-ДПМНЕ. 

Неговите пораки, ставови и директиви се копираат во изјавите но и во постапките на Мицкоски, Давкова и нивната Влада кои се само извршители. СДСМ ќе се спротивстави на овие обиди Македонија повторно да биде заложник на Никола Груевски и на ретроградни политики кои нè оддалечуваат од демократскиот свет и од Европа.