Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

СДСМ: Дали Мицкоски за торби пари ги продавал државните интереси на туѓи држави?

Веќе втора недела Христијан Мицкоски и директорот на АНБ, Бојан Христовски одбиваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Веќе втора недела Христијан Мицкоски и директорот на АНБ, Бојан Христовски одбиваат да ја декласифицираат документацијата која би требала да го потврди случајот со наводното следење на Мицкоски. Не само што власта нема храброст да ја декласифицира спомената документација туку и прави се за да ја саботира работата на надзорната собраниска комисија за работата на АНБ и АР, истакна на денешната прес-конференција Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.

Вчерашната седница на надзорната собраниска комисија која треба да ја следи работата на службите мистериозно беше откажана иако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја потенцираа итноста таа веднаш да се одржи.

Од што се плаши Христијан Мицкоски?

Реклама

Дали Христијан Мицкоски се плаши од содржината на овие документи кои доколку се декласифицирани ќе ги покажат врските на премиерот со странски служби од непријателски држави?

Дали е точно дека оперативната обработка на АР и АНБ која власта одбива да ја декласифицира била во врска со откривање на руски агентурни мрежи, екстремизам и финансирање на дестабилизацијата на државата?

Дали е точно дека Мицкоски иако не бил мета на следење влетал во комуникација со лица кои има за цел да ја десталибизиаат државата, а биле финансирани од странски пари?

Дали дел од овие финансии завршиле лично кај Христијан Мицкоски или во сефовите на Белата Палата?

Основна цел на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање е да ја штитат државата од странски и домашни непријатели.

Дали Мицкоски за торби парииж ги продал интересите на сопствената држава на странски непријателски држави?

СДСМ уште отворено и јавно ја повикува власта на чело со премиерот Христијан Мицкоски, дексласифицирајте ја документацијата затоа што македонската јавност заслужува да ја знае вистината.