Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Сапорт Кочани: Над 4,5 милиони денари обезбедени за засегнатите лица во трагедијата во Кочани

Заклучно со денешниот ден (19 август) вкупниот прилив на наменската сметка изнесува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заклучно со денешниот ден (19 август) вкупниот прилив на наменската сметка изнесува 4.594.345 денари. Од оваа сума реализирани се 3.758.805 денари, за банкарски провизија се потрошени 18. 277 денари, а во моментов на располагање остануваат  835.540 денари, информираат од Граѓанската иницијатива Сапорт Кочани за моменталната состојба со донациите и реализираната помош.

Сапорт Кочани е формирана веднаш по трагичниот настан од 16 март 2025 година и продолжува и понатаму да работи транспарентно, координирано и во интерес на сите засегнати лица и нивните семејства, велат од Граѓанската иницијатива.

Еден од најважните сегменти на помошта, како што е наведено во соопштението, е набавката на специјализирана компресивна облека, која е неопходна во долготрајниот процес на третман и рехабилитација на преживеаните од изгореници.

Реклама

–   Првата пратка – 149 парчиња е во вредност од 923.458 денари, втората пратка – 43 парчиња е во вредност од 283.802 денари, а третата пратка – 176 парчиња е во вредност од 2.193.047 денари. Со овие три пратки досега се обезбедени вкупно 368 парчиња компресивна облека, кои веќе се испорачани и предадени на Општата болница во Кочани за користење од страна на преживеаните лица, информираат од  Сапорт Кочани.

Дополнително, како што велат, значаен дел од средствата се насочени кон директна поддршка на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје, како и кон лицата кои се уште се хоспитализирани таму.

-Досега се донирани 100 комплети T-LAB PRP KIT и 10 комплети Exomine SMART KIT, со вкупен износ од 267.000 денари, 4 пакувања протеини и 4 пакувања аминокиселини, со вкупен износ од 19.120 денари и сет креми за подобрување на еластичноста на кожата, со вкупен износ од 53.428 денари. Овие материјали се наменети за третман на рани, регенерација на кожата и подобрување на процесот на рехабилитација, со цел полесно и побрзо опоравување на засегнатите лица, се наведува во соопштението.

Сите донации се резултат на поддршката од хумани граѓани, компании и организации од земјата и дијаспората, кои несебично се вклучија во оваа акција, потенцираат вклчените волонтери од Сапорт Кочани.

–   Овие бројки не се само финансиски податоци – тие се доказ за солидарност, заедништво и човечка хуманост. Благодарни сме на секој поединец и секоја компанија кои веруваа во оваа иницијатива и помогнаа од срце. Нашата работа не застанува тука – продолжуваме да бидеме тука за засегнатите лица и нивните семејства, сè додека постои потреба, се наведува во соопштението до јавноста од Граѓанската иницијатива  Сапорт Кочани.