Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Прилози

Санација на свлечиштата кај Ботун – Николоски и Трајановски во увид

Со примена на нови инженерски решенија се решава реализацијата на најтешкиот дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со примена на нови инженерски решенија се решава реализацијата на најтешкиот дел од изградбата на автопатот Охрид-Кичево. Косините кај Ботун кои претставуваат најголем проблем долж 57 километарската делница се зајакнуваат со бетонски столбови длабоки до 28 метри. Конструкцијата се гради под земја, за да се обезбеди стабилна основа за  автопатот. Стабилизацијата се изведува со специјална технологија, со машини тешки по 130 тони. Во земјата се поставуваат арматурни кафези, кои потоа се полнат со бетон. Цевки и челични јажиња ги поврзуваат конструкциите, создавајќи потпорна структура под трасата. Министерот за транспорт појаснува дека се планирани вкупно околу 250 вакви решенија, од кои 160 кај Ботун. Ова е убедливо најтешкиот автопат, не само во Македонија, туку во целиот регион, истакна Николоски.

“Околу вас можете да видите дека се работи за црна графитна земја, која што е најнестабилна земја која што воопшто може да се најде. Таква е планината. Тука дополнително има многу вода, што може да се види по вегетацијата околу нас. И кога водата ќе се спои со графит, тогаш станува една каша и нема никаква стабилизација. Тоа е причината зошто овој дел околу селото Ботун до сега беше невозможно да се стави како дел од автопатот Охрид-Кичево и ова е последната делница која што ќе биде изградена.”-рече министерот за транспорт и врски Николоски  

Уште кога бевме избрани во 2024-та година, вели Николоски, почнавме да бараме решенија. Ги собравме најголемите умови кои што ги има Македонија и најискусните луѓе, во соработка со светски научници. Инаку предвидени се два типа стабилизација – со галерии и со длабоки бетонски столбови.

Реклама

”Стабилизацијата на косините е еден од главните проблеми на овој проект од Кичево до Охрид. Значи, овде има два видови. Поради тоа се направени геоистраги дополнителни, откако дојде новата власт, со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски дополнително се направени геоистраги во должина од 7 километри, 7.000 метри, на околу 400 до 500 локации со различна длабнина, за да се види составот на земјиштето, каков е долу во долниот дел, за да може да се види на кој начин, со која технологија ќе биде стабилизирано”-рече Коце Трајаноски

Паралелно со стабилизацијата на Ботун, се работи и на останатите делници од автопатот. Вицепремиерот најави дека во следните два месеца ќе биде пуштен во функција делот кај Пресека, со најдолгите тунели во земјава. Четири од петте галерии на оваа делница се веќе готови. Тоа значи дека во предвидениот рок, тоа е првата половина на следната година, ќе имаме функционален автопат,со употребна дозвола  за разлика од минатото кога патиштата се пуштале без употреба дозвола.