Реклама

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Свет

Самит САД–Русија, одлучувачки момент за Украина

Самит САД–Русија во Алјаска. Одлучувачки разговори меѓу Трамп и Путин за иднината…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Самит САД–Русија во Алјаска. Одлучувачки разговори меѓу Трамп и Путин за иднината на Украина. Шефот на Белата куќа оптимист – верува во можноста за постигнување мир. Смета дека рускиот колега би сакал да види договор, во спротивно би се соочил со сериозни последици. Сега е најважно да се подготви маса за трилатерална средба, нагласи Трамп.

„Мислам дека ќе биде добра средба, но поважна ќе биде втората што ќе ја имаме со Путин и Зеленски. Можеби ќе доведеме и некои од европските лидери. Ќе видиме што ќе се случи. Верувам дека и двајцата ќе склучат мир. Мислам дека претседателот Путин би сакал да види договор. Сè што сакам да направам е да ја резервирам масата за следниот состанок, кој треба да се случи многу брзо по овој“, изјави Трамп.

Путин, пак, пред состанокот изјави дека Вашингтон вложува енергични и искрени напори за завршување на тригодишната војна. „Сегашната американска администрација вложува доста енергични и искрени напори за запирање на непријателствата, на кризата и постигнување договори што се од интерес за сите страни вклучени во овој конфликт, со цел да се создадат долгорочни услови за мир меѓу нашите земји, и во Европа, и во светот како целина“, изјави Путин.

Реклама

Зеленски, кој е исклучен од разговорите, предупреди дека одлуките донесени во негово отсуство ќе бидат бесмислени. Со ист став се и европските сојузници.