Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Сали: Еднаквоста и довербата во институциите се суштински за европската иднина

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, се обратил на отворањето на дијалогот Шлезвиг-Холштајн–Западен Балкан за јакнење на социјалната кохезија и заштитата на малцинствата, организиран во Академијата Занкелмарк во Оеверзе, Германија.

Во своето обраќање, како што соопшти Министерството за европски прашања, Сали истакнал дека довербата во институциите се гради преку еднаква примена на законот, достапни јавни услуги и суштинско учество на граѓаните во одлучувањето.

Осврнувајќи се на 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор, тој ја нагласил одговорноста принципите на еднаквост и застапеност да се преточат во конкретни подобрувања за граѓаните.

Реклама

Министерот, како што информираат од МЕП, посочил и дека реформите во процесот на пристапување кон Европската Унија треба да ја зајакнат довербата во општеството.

Тој ја изразил подготвеноста на Македонија да ги сподели своите искуства и да развива соработка меѓу институциите и општините од регионот и германските партнери, со фокус на вклучувањето на заедниците и подобрувањето на јавните услуги.