Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Сајкоски: Од 27 август до 3 септември собираме предлози за програмите за локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ секогаш го слуша народот. Идеите и предлозите на нашите сограѓани се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ секогаш го слуша народот. Идеите и предлозите на нашите сограѓани се наша обврска да бидат преточени во проекти во програмите, а потоа и да бидат реализирани од позиција на власт, порача денеска на прес-конференција генералниот секретар на паритјата Ѓорѓија Сајкоски.

Во пресрет на локалните избори оваа есен, ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во период на пишување на програми за кандидатите за градоначалници ширум Македонија, со таа цел ангажирани се експерти, професори, истакнати личности од скоро сите струки, како и политичари од партијата со долгогодишно искуство.

Овие експерти, ќе имаат за задача да ги преточат потребите на граѓаните во конкретни проекти, со финансиска рамка и рок на реализација.

Реклама

Со цел добивање на јасна слика за потребите и предизвиците со кои граѓаните се соочуваат, ВМРО-ДПМНЕ отпочнува 7 дневна теренска кампања за собирање за идеи и предлози за проекти, кои ќе бидат опфатени во програмите на кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.

Од среда, 27 август, до среда 3 септември, ќе ја спроведуваме акцијата – Предложи! Вистинската идеја за вашата општина!

Од 27 август до 3 септември во временски период од 17 до 21 часот, во сите општини низ државата, на плоштадите или прометните локации во истите ќе бидат поставени штандови дел од акцијата Предложи! Вистинската идеја за вашата општина! каде граѓаните на посебен формулар за оваа акција ќе можат да напишаат своја идеја која сакаат да ја видат реализирана како проект од идните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Во истиот временски интервал ќе бидат отворени и сите штабови низ државата каде членовите на партијата и граѓаните исто така ќе може да ја дадат својата идеја или предлог за проект.

Истовремено во истиот период граѓаните ќе можат да ги достават своите идеи и предлози за проекти по електронски пат, на адресата: [email protected]. Каде ќе бидат разгледани исто како и предлозите и идеите од штандовите и штабовите од тимот експерти кои ќе ги пишуваат програмите.

Очекуваме масовен одзив на граѓаните, се со цел што е можно подетални и содржајни програми со проекти кои извираат директно од нив и нивните потреби.