Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Саем за кариера на Универзитетот „Св.Апостол Павле“ во Охрид

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид утре од 12 часот ќе се одржува Саем за кариера.

Настанот ќе им овозможи на студентите непосредно да се сретнат и разговараат со претставници од компании за можностите што им стојат на располагање кога станува збор за пракса, вработување и понатамошен професионален развој.

Компаниите, информираат од Универзитетот, ќе имаат можност да ги претстават своите програми, вработувачки потреби и активности, а учеството за нив е целосно бесплатно.

Реклама

„Како високoобразовна институција која континуирано придонесува за едуцирање и развој на стручно подготвени ИТ кадри, Универзитетот преку овој настан ја зајакнува соработката меѓу академијата и индустријата. Очекуваме интерес и успешна соработка меѓу академската заедница и бизнис-секторот, со цел создавање нови можности за младите кадри во ИТ секторот. Исто така, ги повикуваме средношколците да дојдат да го посетат Саемот за кариера, бидејќи тоа е прекрасна можност да се запознаат со студиските програми што ги нуди Универзитетот и можностите за нивен кариерен развој“, потенцираат од Универзитетот.