Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Рударските комплекси „Бучим“ и „Боров Дол“ и официјално се присоединија

Од ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш денеска информираа дека завршила административната постапка за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш денеска информираа дека завршила административната постапка за припојување на рударско-геолошкиот комплекс „Боров Дол“ кон „Бучим“ со што двата рударски комплекси официјално продолжуваат да функционираат како еден правен субјект.

-Со ова се зацврстува единствениот оперативен и управувачки модел, што ќе придонесе за уште поголема ефикасност и транспарентност во работењето на компанијата во целост.

Присоединувањето претставува стратешки чекор што овозможува поефикасно планирање и управување со ресурсите, унапредени процеси и појасна корпоративна структура, подобрена усогласеност со меѓународните стандарди и ESG принципите, зголемена транспарентност и стабилност во работењето, како и следење на единствена долгорочна визија за развој на целиот комплекс, се наведува во информацијата.

Реклама

Од компанијата нагласуваат дека присоединувањето не подразбира никаква промена во управувачката структура. Исто така, условите на воспоставените партнерства, договорните односи и обрвски со добавувачи, институции и други заинтересирани страни, остануваат непроменети.

Во изминатите денови била спроведена стандардната административна постапка за техничкиот пренос на сите вработени во рамките на единственото правно лице, а од „Бучим“ истакнуваат дека преносот бил изведен континуирано, без било какви промени во работните места, правата или обврските на вработените. Статусот и сите бенефиции на вработените останаа непроменети, а техничкиот пренос не влијаел врз работните процеси, ниту врз редовното извршување на обврските.

-Присоединувањето на Боров Дол кон Бучим ни овозможува да работиме како единствен систем, во рамки на нашата Групација, со зајакнати операции и повисок степен на координација. Ова претставува значаен чекор кон модернизација, континуирано подобрување и понатамошно унапредување на одржливото рударство во регионот, се наведува во пренесената изјава на Ивица Карапетров, заменик генерален директор на „Бучим“.

На крајот се оддава дека со новата интегрирана структура, рудникот „Бучим“ продолжува да гради стабилна, модерна и конкурентна компанија, подготвена за долгорочни предизвици и инвестициски планови.