Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

РКЕ: Одлуката на Уставен може да го поскапе парното и создава опасност врз енергетската мрежа

Од Регулаторната комисија за енергетика се загрижени поради најновата одлука на Уставниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од Регулаторната комисија за енергетика се загрижени поради најновата одлука на Уставниот суд со која се овозможува граѓаните полесно да се исклучуваат од системот на парно греење. Првиот човек на РКЕ, Бислимовски вели дека ќе ја почитува одлуката на Уставен суд со која не мора да се бара согласност од повеќе од половина од станарите за некој да се исклучи од системот. Сепак алармира дека тоа ќе создаде притисок врз цената и дека има опасност врз енергетската мрежа, ако овие граѓани почнат да се греат на струја.

Граѓаните ќе се едуцираат како самите да си ги читаат броилата на месечно ниво за да нема проблеми со премногу високи паушални сметки, кои потоа треба да се корегираат. Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека ќе побараат од ЕВН во сметките за струја да даде јасни насоки како се отчитуваат броилата, а од оваа есен треба да профункционира веб платформа кадешто граѓаните ќе можат да ги прикачуваат податоците. За регулаторите е превисока цената од околу 10 милиони евра која треба да ја направи Електродистрибуција за да можат еднаш месечно да се проичитаат сите броила. Велат дека е подобро да се инвестира во паметни броила, кои ќе влијаат само со 0,1% во цената на струјата за крајните корисници.

Од регулаторната комисија велат дека од 29 мај до 30 јуни е рокот во кој  носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности, вклучително и  лиценците за пробна работа треба да поднесат барање за промена на лиценцата. Доколку тоа не го направат, инвестициите ќе им пропаднат, бидејќи нема да ја вршат дејноста.