Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Ристов: Во Конче најмладите ќе останат во фокусот, ќе обезбедиме бесплатен училишен прибор за секое првоодделенче и стипендии за најдобрите ученици и студенти

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Конче, Златко Ристов, на денешниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Конче, Златко Ристов, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се осврна на досега сработеното во изминатите четири години.

Ристов посочи дека со чесна и посветена работа во Конче реализираше капитални проекти вредни милиони денари, како што се пречистителната станица, реконструкцијата на патишта, нови улици, водоводи и хортикултурно уредување во сите населени места.

Затоа, истакна Ристов, сега е време да се продолжи и со нови проекти, за уште посилен развој и уште подобри услови за сите генерации, при што  главен фокус ќе бидат младите.

Реклама

-За спортот и најмладите ќе направиме реконструкција на тревната стадион со изградба на соблекувални во с. Конче, изградба на велосипедски патеки долж планината Серта вклучувајќи ги сите населени места и конечките езера, изградба на шаховски полиња во населените места Конче и Лубница, реконструкција на културните домови во село Габревци и село Дедино. Ќе ја зголемиме поддршката во образованието каде што ќе обезбедиме бесплатен училишен прибор за секое првоодделенче, стипендии за најдобрите ученици, еднократна помош за секој ученик кој завршува основно образование, стипендии за најдобри студенти, а исто така ќе продолжиме со стипендии за нашите спортисти и претставници од културно-уметничките друштва, рече Ристов.

Паралелно со вложувањата во најмладите, Ристов истакна дека ќе се вложува и во патната инфраструктурата, како и во водоводната и канализационата мрежа.

-Ќе изградиме потисен цевковод и резервоар за водоснабдување во с. Долни Липовиќ, реконструкција на системите за водоснабдување во населените места: Лубница, Горни Липовиќ. Дедино, Конче, Ракитец, ќе ги доизградиме системите за фекална канализација во Конче, Горни Липовиќ, Ракитец и Долни Липовиќ. Ќе се направи рехабилитација на локалниот пат Габревци – раскрсница Лакавица во должина од 6 километри, како и реконструкција на патот, прв дел од Пиперево до Гарван во должина од 3 километри, рече Ристов, додавајќи дека за овие проекти ќе се обезбедат средства од општинскиот буџет, како и од буџетот на Република Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на  митингот во Конче истакна дека кандидатот за Конче, Златко Ристов ќе направи се за жителите на Конче, за подобри услови за живот.

Мицкоски укажа дека е вообичаено да се стави акцент на локалните теми, но оти мора да се споменат непринципиелните коалиции.

Според него, треба да се гласа така „за да се стави крај на корупцијата и корумпираните политичари“.

-Корумпираните политичари кои не бираат средства да се дограбат до фотелјата, а истовремено да ја омаловажуваат Македонија не треба да бидат на политичката сцена. Сетете се само какви понижувања им приредија на граѓаните и на Македонија, кажа Мицкоски.

Оттука, рече Мицкоски, „овие избори се помеѓу две опции непринципиелна коалиција меѓу Венко, Али и Димче и од друга страна коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ која е за право, правда, достоинство, подобар живот“.

-Значи или гласаме за назад кога се ограбуваше народот и државата, или за коалицијата која 15 месеци се бори да и врати се на државата и граѓаните. Затоа гласате за вас, вашето место, вашата иднина. Да излеземе масовно и да пратиме силна порака дека сме против ограбувањето на Македонија. Да излеземе и заедно да гласаме за број 9, заклучи Мицкоски.