Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Економија

Ристески: Инфлацијата не е на алармантно ниво за да се ограничат маржите или цените

Имаме нормална инфлација со оглед на кризата во светски рамки, која не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Имаме нормална инфлација со оглед на кризата во светски рамки, која не е на алармантно ниво за да се ограничат маржите или цените. Ситуацијата постојано се следи и ако има потреба, Владата ќе ги спроведе сите законски можности и решенија. Нормално е да има мало покачување на цените на одредени производи, но сето тоа е дозволиво доколку е економски оправдано, изјави денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески.

Како што истакна Рисетски, преку 30 екипи од Државниот пазарен инспекторат се на терен, ги контролираат цените на увозниците, дистрибутерите, производителите и маркетите. Нема да се дозволи неекономско и непазарно однесување и печалење на грбот на граѓаните.

-Видовте дека имаме капацитет да се справуваме со вакви кризи кои ги имавме овие две години. Имавме лошо економско владеење на претходната власт кое сега го трпи оваа Влада преку враќање стари долгови, лоши законски решенија и лоши мерки кои ги спроведувале и кои, на некој начин, како бран се пренесуваат во наредниот период. Ние успеавме да ја смириме инфлацијата пред да почне светската економска криза и беше проектирана на 2,5 до 3 отсто од страна на Народна банка и Владата, меѓутоа сигурно ќе имаме малку повисока инфлација. Владата во иднина е подготвена да ги спроведе сите законски можности и решенија – дали тоа ќе биде во однос на ограничување на цени или можност за намалување на ДДВ на одредени на основни прехранбени производи. Ќе реагираме во однос на ситуацијата и анализите кои доаѓаат не само од Државниот пазарен инспекторат, туку од сите институции и министерства. Мора да бидат аналитички и економски издржани, бидејќи секое политичко, ад-хок решение, како порано што правеле, предизвикува други економски турбуленции од кои понатаму државата многу тешко излегува, нагласи заменик-министерот.

Реклама

Според него, енергетската криза влијае врз животниот стандард и инфлацијата не само во Македонија, туку во целиот регион и секаде во светот.

-Ние гледаме стапката на инфлација да не биде многу повисока, како што била претходните седум-осум години кога имаше КОВИД. Имаме нормална инфлација за ваква криза која не отскокнува многу и можеби е една од пониските инфлации. Ако земеме предвид дека ланската година во овој период имавме и мерки и поради тие мерки на ограничување на маржите имавме малку повисока инфлација, покажана на во април во однос на март од Државниот завод за статистика, сепак, сметаме дека не е некое големо и алармантно ниво за да предизвикаме вакви неекономски мерки со ограничување на маржи или други мерки, законски можности со кои може да постапи Владата околу ограничувањето на цените. Од она што е предизвикана малку поголема инфлација, гледаме дека најмногу е во транспортните трошоци, над 10 отсто се зголемени нормално поради енергетската криза, а преку транспортните трошоци се зголемуваат и цените на другите производи.  Во однос на основните прехранбени производи, безалкохолни пијалаци, изнесува само 0,7 проценти. Инспекторите се на терен и како Влада, повторно ќе кажам, нема да дозволиме неекономско и непазарно однесување и печалење на грбот од граѓаните во вакви тешки финансиски услови, потенцира Ристески.