Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Резолуција со јасна државна политика против нелегалната миграција-ВМРО-ДПМНЕ контра лажните сценарија на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ промовираше резолуција поврзана со прашањето за мигрантите, со која, како што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ промовираше резолуција поврзана со прашањето за мигрантите, со која, како што наведуваат, се осудуваат дезинформациите и се утврдува јасна државна политика против нелегалната миграција.

Од владејачката партија тврдат дека во владините политики не постојат ниту ќе постојат планови за мигрантски кампови и дека резолуцијата има за цел да ја смири јавноста и да ја постави темата во институционална рамка.

Таа е составена од 9 точки, и во неа стои дека се осудуваат дезинформациите за наводно прифаќање мигранти и изградба на кампови, се потврдува дека такви политики не постојат ниту ќе постојат, се поништуваат сите претходни аранжмани на владата на Заев поврзани со мигрантски кампови и се повикува на одговорен јасен говор, заштита на безбедноста, стабилноста и меѓуетничките односи. Исто така, се констатира дека свесното ширење дезинформации ќе биде санкционирано согласно важечките закони. Резолуцијата воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и стапува во сила веднаш по нејзиното изгласување, рече Никола Мицески – координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

Реклама

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека во владините политики не постојат, ниту ќе постојат планови за мигрантски кампови и дека во јавноста биле пласирани информации кои, според нив, не се поткрепени со факти и создаваат непотребна вознемиреност.

Во резолуцијата се наведува дека се поништуваат сите претходни аранжмани поврзани со мигрантски кампови, се потврдува дека државата нема да прифаќа мигранти и се бара одговорен јавен говор по прашања што директно ја засегаат безбедноста.

Во таа насока, оваа  Резолуција на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предложиме во Собранието на Република Македонија и од таа причина ги покануваме сите парламентарни партии заедно да ја поддржат, рече Никола Мицески – координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

СДСМ, пак продолжува да обвинува  излезе со обвинувања дека прашањето за мигрантите е поврзано со пошироки политички и финансиски договори, за кои тврдат дека јавноста нема целосна слика,.

Власта не се грижи за граѓаните, се грижи само за себе. За бизнисите со наместени тендери, за криминалот и за пумпањето пари од буџетот очајно им треба свеж кеш.Затоа ја продаваат Македонија. Затоа прифатиле мигранти во пакет со кредити од 6 милијарди евра.Паралелно, ВМРО-ДПМНЕ спроведува намерна изолација и ја држи Македонија надвор од ЕУ. Не за заштита на националните интереси, туку за свесно оддалечување од Европа, истакна Александар Саша Димитријевиќ од СДСМ.

Од СДСМ повторија дека, според нив, постојат договори поврзани со прифаќање мигранти и дека прашањето го поврзуваат со финансиската состојба и европскиот пат на државата. Обвинувањата ги темелат на, како што велат, политички проценки и информации со кои располагаат.