Реклама
Култура

„Револушн“ продукција: Филмот „Татко“, добивме помалку пари од дебитантските филмови!

„Татко“ нема да доживее премиера. Продукцијата „Револушн“ објави дека се откажува од реализацијата на филмот и од државните пари доделени од Агенцијата за филм. Според продуцентот Дејан Милошевски, долгометражниот филм според сценарио и во режија на Јани Бојаџи, нема да биде снимен, одлука која како што вели не била донесена лесно, но сепак тимот одбива […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Татко“ нема да доживее премиера. Продукцијата „Револушн“ објави дека се откажува од реализацијата на филмот и од државните пари доделени од Агенцијата за филм. Според продуцентот Дејан Милошевски, долгометражниот филм според сценарио и во режија на Јани Бојаџи, нема да биде снимен, одлука која како што вели не била донесена лесно, но сепак тимот одбива да биде дел од перфидната игра на надлежните.

  • Оваа одлука не е донесена лесно. Напротив, таа е резултат на нашето долгогодишно искуство и настаните со кои се соочуваме во последните години.

    Одбиваме да бидеме дел од оваа перфидна игра на Министерството за култура и Агенцијата за филм која нас како уметници не става во понижувачка и недостојна позиција и очекува да бидеме параван за лукративните и антифилмски цели на оваа, според сè што се случува во години наназад, тенденциозна филмска администрација.

    Поради тоа, донесовме одлука да се откажеме од проектот „ТАТКО“ и од доделените средства“ објави продукцијата „Револушн“.

Оваа одлука следи откако на филмот „Татко“, му беа одбрени 15 милиони денари сума помала од онаа која се доделува за дебитанстки филмови иако станува збор за апликација од еталблиран автор. На конкурсот беа одбрени 19 милиони денари за „Никој не го сака Садик“ на Ибрахим Деари кој е дебитант, како и триесет милиони денари за „Кралот на ѓубрето на Георги Унковски.

Реклама

1.Долгометражен игран мнозински – етаблиран „Кралот на ѓубрето“ Георги М. Унковски Синема Футура 30.000.000 денари

2 Долгометражен игран мнозински – етаблиран „Татко“ Јани Бојаџи Револутион ДООЕЛ 15.000.000 денари

3 Долгометражен игран мнозински – дебитант „Никој не го сака Садик“ Ибрахим Деари Лумиере Филм 19.000.000 денари  

Инаку на последниот конкурст на Ангецијата за филм најмногу прашина кренаа парите одбрена за снимање на документарен филм за раперот „Слаткаристика“ на режисерот Радован Петровиќ кој патем на претходниот конкурс како добитант доби 18 милиони и 500 илјади денари за снимање на долгометражен филм не плачи душо кој се уште не ја виде светлоста на денот.

Продуцентот на документарецот за раперот Слаткар, Пеце Талески од ОХО пред две години во сомнителна процедура доби 2,5 милиони евра за документарец на Тоше во сомнителен конкурс во кој беше единствен апликант, а од филмот се уште нема ништо. Во телефонски разговор за Алфа појаснува дека филмот е за деца со посебни предизвици. Тој зема народни пари и од МРТВ работејќи и со копродукции во кои главно партиципираат припадници на некогашната шарена револуција.