Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Култура

„Држи се за мене”, најдобар медитерански филм на петтото издание на фестивалот „Преку езерото”

Кипарскиот филм „Држи се за мене“, кој го отвори петтото издание на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кипарскиот филм „Држи се за мене“, кој го отвори петтото издание на Фестивалот „Преку езерото“, ја доби Гран при наградата за најдобар филм на Медитеранот. Одлуката на вчерашното свечено затворање на фестивалот ја соопшти меѓународното жири, составено од тројца членови – Мирослав Митиќ – српски продуцент, Елеонора Венинова – македонска режисерка и Емили Ришел – француска филмска програмерка.

  • „Ова е толку голема чест, многу сум благодарна. Сакам да му се заблагодарам на програмскиот тим што го селектира филмот за да го прикаже пред публиката во Македонија. Секако, и на жирито што ни ја додели наградата, тоа многу ни значи “- изјави во своето видеообраќање режисерката на „Држи се за мене“, Мирсини Аристиду. 

Специјално признание од Советот на фестивалот доби иранскиот филм „Коцкарот“ за исклучително креативно достигнување и вонредни продукциски околности, издржливост и посветеност, остварени во особено тешки продукциски услови за време на актуелната војна во Иран.

За најдобра кинематографија на медитерански филм, меѓународното жири му ја додели наградата на Душан Кардалевски за филмот „Кома“.

Реклама
  • Голема благодарност до Агенцијата за филм, која ни овозможи да го снимиме филмот, исто така до селекторот на фестивалот, кој го донесе филмот овде да се прикаже, до целата организација на Фестивалот. Оваа награда не е само моја, тука на целата екипа и секако на режисерот на филмот, Агим Абдула“ – рече Кардалевски.

Гостинот на Фестивалот од Белгија, Јаник Рение, се закити со признанието за најдобар актер за улогата во филмот „Одразот во мртвиот дијамант

  • Навистина е неочекувано да добијам награда за најдобар медитерански актер кога доаѓам од областа на Северното Море, но сепак беше уникатно искуство да се игра во овој филм и затоа многу ви благодарам за наградата“ – рече Рение.

Наградата за најдобар режисер на Медитеранот ја понесе српскиот режисер Александар Радивоевиќ за „Кармадона“. Специјално признание му се оддаде и на филмот „Чекајќи го возот“ од Словенија, а најдобар медитерански краток филм беше „Антигона“ на Ибер Деари и Мирсад Абази.

Директорот на Фестивалот, Јани Бојаџи очекува уште поголема поддршка следната година бидејќи според него „Преку езерото” пополнува 35-годишна празнина во културно-уметничката понуда на југоистокот.

  • „Ние не можеме да развиваме туризам ако не понудиме содржина. Да си поставиме прашање: Што ќе остане од градот Охрид ако го исклучиме фестивалот Охридско културно лето? Нема да остане ништо. Значи, во Охрид 66 години се вложуваат милиони евра и се носат најголемите уметници од целиот свет за да заживее Охрид како културно средиште. Сега е ред и овој дел од Македонија да го добие својот дел, општеството да инвестира во развојот на културни, уметнички содржини, ако воопшто имаме идеја да развиваме туризам, а тука и немаме што друго да развиваме“ – вели Бојаџи – Директор на „Преку езерото“.

Петото фестивалско издание, кое траеше од 8 до 15 јули во Дојран,Струмица и Гевгелија, го затвори градоначалникот Илија Тентов.

https://youtu.be/LM0uCCWoWYs