Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Економија

Рекордни 40 милиони евра за вработување и обуки за невработени

Над две илјади невработени ќе се стекнат со нови вештини, знаења за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над две илјади невработени ќе се стекнат со нови вештини, знаења за дефицитарни професии, ќе се доедуцираат, ќе учат странски јазици и компјутерски програми преку обуките на Агенцијата за вработување. Од Владата велат дека ова е шанса за сите млади до 29 години кои чекаат на своето прво вработување, на жените кои со години се оставени надвор од пазарот на труд и долгорочно невработени да се обучат за да работат и да бидат платени за тоа. Токму овие три категории ќе имаат приоритет при селекцијата. 245 невработени ќе проследат тримесечна обука кај конкретен работодавач, на конкретно работно место з ашто ќе добијат надомест од 12 илјади денари месечно. Исто толку ќе добијат и 600 луѓе за обуки за веќе побарувани занимања во делот на социјалните услуги, зелени работни места и трговија. Особено интересни се обуките за напредни ИТ програми кои ќе бидат бесплатни, кои инаку би биле прескапи за невработените.

„Јас лично би сакала да ги истакнам обуките коишто се однесуваат на напредни дигитални и ИТ обуки, коишто се преку лиценцирани програми. Ќе можете од документот да видите за кои обуки, колку актуелни обуки коишто се навистина побарувани во овој период од страна на многу млади, на многу граѓани се вклучени во оваа мерка, колку се навистина истите овие и финансиски оптеретувања за младите. Сега ќе можат да бидат опфатени и да ги искористат 470 лица, а секој учесник ќе добие меѓународно признат сертификат, што значително ќе ја зголеми неговата или нејзината конкурентност на пазарот на труд“ – вели портпаролката на Влада, Марија Митева.

Во Оперативниот план на Агенцијата за вработување годинава се издвоени рекордни 40 милиони евра за девет мерки за ангажирање на над 16 илјади луѓе. Планот предвидува 10 илјади евра неповратни средства за отворање бизнис за младите до 29 години и 7 илјади евра за оние над 29. Постои опција и за здружување во друштва со ограничена одговорност за да се добие поголема финансиска поддршка. Од Владата очекуваат целосна искористеност на мерките и на предвидените пари. Предвидено е 65% од новите вработувања да бидат млади до 29 години. Преку отворање на десетици илјади нови работни места преку мерките за вработување и инвестициите во инфраструктура и нови капацитети, Владата очекува невработеноста да се намали од сегашните 11,9% на 9 отсто до крајот на годинава.