Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Рехабилитацијата на Пониква полека ги враќа во живот повредените од пожарот во Кочани

Успешно тече рехабилитацијата на повредените во дискотеката Пулс, во одмаралиштето на МВР,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Успешно тече рехабилитацијата на повредените во дискотеката Пулс, во одмаралиштето на МВР, во Пониква. По направените контроли, физијатрите утврдиле дека кај добар дел од младите луѓе веќе се враќа моториката, односно движењата. Првата група останува до крајот на неделата, а се прават напори по нивно барање некој  да продолжат и со втората група. Рехабилитацијата на Пониква, добро влијае и на нивната ресоцијализација, објаснува д-р Катерина Мирчовска, директорка на кочанската Општа болница.

    „Освен физикална терапија имаме и психолошка поддршка што е во соработка со Комората на психолози на РМ. Има групна, но има можност и за индивидуална, што е на доброволна база… Еден од клучните аспекти е да се направи и ресоцијализација. Тие, веќе се чувствуваат комотно да се движат меѓу нив. Сите се со слични повреди. Добро оди и веќе се една голема и среќна фамилија„ изјави д-р Катерина Паниќ-Мирчовска, директор на ОБ-Кочани.  

Во меѓувреме, интензивно се работи на реконструкција на Одделението за физикална терапија, во кочанската Општа болница. Се работи во две смени, седум дена во неделата и се очекува во најскоро време, градежните активности да завршат и одделението да почне со работа.

Реклама

   „Досега е сменета електричната инсталација, водоводната и канализациона мрежа, поставени се нови прозорци. Остануват уште ѕидовите и подовите„ изјави д-р Катерина Паниќ-Мирчовска.

Реконструкцијата на Одделот за физикална терапија, започна на 13 овој месец, со цел да се обезбедат подобри услови за лекување и третман на повредените во дискотеката Пулс. Со проектот се предвидува реновирање на одделенијата за хирургија, гинекологија и неврологија, како и набавка на нова апаратура.