Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Регионално решение за бездомните кучиња во истокот од државата

Во источниот регион, проблемот со кучињата скитници ќе се решава на регионално…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во источниот регион, проблемот со кучињата скитници ќе се решава на регионално ниво. Градоначалниците покренаа иницијатива, а Советот за развој на Источно-планскиот регион донесе одлука за изработка на проектна документација за изградба на стационар за згрижување на бездомните кучиња. За почеток се предвидени околу 100.000 евра, со најава дека ќе се обезбедат и дополнителни средства за целосна реализација на проектот. Во опција се повеќе локации, меѓу кои и во Општина Карбинци.

„Во моментот работиме за изнаоѓање на локации. Понудена е локација во Општина Карбинци, а понудена е локација и во други општини. Оставаме да одлучат проектантите, односно тие да кажат која локација е најпогодна. Тоа за нас не менува ништо, на нас како регион ни е важно да се изгради стационар каде хумано ќе бидат згрижени бездомните животни“, изјави Тони Тоневски, претседател на Совет на ИПР и градоначалник на Пробиштип.

Во меѓувреме, општините проблемот со бездомните кучиња го решаваат преку ангажирање на фирми кои вршат заловување и хуман третман на животните. Досегашното искуство покажува дека овој пристап не дава трајно решение, а истовремено носи сериозни финансиски оптоварувања за општинските буџети. Пробиштип годинава за првпат воведува и дополнителна мерка – стимулирање на сопственици да ги кастрираат своите миленици.

Реклама

„Ние одлучивме оваа година да направиме уште еден чекор во решението на проблемот со бездомните животни, а тоа е да ги стимулираме сите сопственици на домашни миленици да ги кастрираат своите миленици, односно да им помогнеме да ги субвенционираме како општина заедно со локалните ветеринарни станици“, изјави Тони Тоневски, претседател на Совет на ИПР и градоначалник на Пробиштип“, изјави Тони Тонески, претседател на Совет на ИПР.

Регионални стационари за згрижување на бездомните кучиња, каде добиваат хуман третман, има во Струмица и Кавадарци.