Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Ред дома, силна полиција и подготвена армија – клучните точки oд столбот „безбедност“ во стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ

Расчистувањето со домашните проблеми – корупцијата, организираниот криминал и нефункционалните институции –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расчистувањето со домашните проблеми – корупцијата, организираниот криминал и нефункционалните институции – е првиот и најважен чекор кон создавање побезбедна држава. Само преку ефикасно обвинителство и независно, брзо судство може да се воспостави ред, доверба и владеење на правото. Кога темелите дома ќе бидат зацврстени, следи вториот столб на безбедноста: модерната, силна и добро опремена армија која ќе ја гарантира одбраната на државата. Експертите го коментираат еден од главните стожери на стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ – безбедност и стабилност. Според нив, целото национално внимание мора да се насочи кон зајакнување на безбедносниот систем, а тоа подразбира модерна и ефикасна полиција, подобар сообраќаен надзор, поголема безбедност на улиците, но и засилена работа на службите за безбедност и разузнавање.

Како треба да се работи на таа стратегија во поглед на безбедноста?
Прво, треба да се расчистат домашните работи – борба против криминалот и корупцијата, што е тесно поврзано со валоризацијата на обвинителството преку поднесување обвинителни акти и на судот преку изрекување пресуди. Потребно е целата сила, особено преку промени на законите во оваа област, да се насочи кон безбедносниот систем: Kон полицијата, ефикасноста во делот на сообраќајот, безбедноста на улиците…Потребна е и поголема ефикасност на Националната агенција за безбедност, разузнавачките и контраразузнавачките служби, како и внимателно следење на разузнавачките интереси на одредени сили. Треба да бидеме многу претпазливи со тие сознанија и да обезбедиме заштита на уставниот поредок
, вели Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник во МВР.

Но ништо не правиме без силна армија, која ќе ги извршува сите задачи со територијалната одбрана и националната безбедност. Иако членството во НАТО обезбедува заштита, Македонија, според препораките, не смее да се потпира исклучиво на сојузниците. Потребни се посериозни инвестиции во Армијата: набавка на летала, модернизација на опремата и зајакнување на капацитетите за контрола на воздушниот простор.

Реклама

Вториот сегмент е воената, одбранбената област – создавање армија која ќе може самостојно да се грижи за безбедноста и да ги исполнува сите одбранбени цели, со фокус на територијалната безбедност на Македонија. Потребни се инвестиции во армијата, за да не бидеме целосно ослонети на другите членки на НАТО, туку и самите да набавиме летала, да го обезбедиме воздушниот простор и да ја опремиме армијата за сите задачи што произлегуваат од оваа стратегија, додава Ѓурчевски.

Според познавачите, со јасно дефинирани приоритети и силни институции, државата може да изгради стабилен и современ безбедносен систем, подготвен да одговори на сите предизвици.

Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува реформи и за праведна и функционална држава, конкурентна економија, можности што ги задржуваат младите дома, стабилна демографија, членство во ЕУ со заштитени национални интереси, активна и влијателна дипломатија.