Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Реакција на МАН за информациите за следење и прислушување во време на власта на СДСМ и ДУИ

Во врска со информацијата од АНБ дека во време на власта на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во врска со информацијата од АНБ дека во време на власта на СДСМ и ДУИ се следени и прислушувани лидерот на тогашната опозиција Христијан Мицкоски, други политичари, новинари, обвинител, бизнисмени и други јавни личности, за Македонската асоцијација на новинари (МАН) не е изненандување, туку само потврден факт на она што сме го знаеле, а АНБ успеала да обезбеди докази, се наведува во соопштението на МАН што МИА го пренесува интегрално.

Власт која ги добила функциите со објавување туѓи прислушувани разговори кои им ги обезбедил нивни поранешен политициски функционер Зоран Верушевски, а никој не ги спречил таквите прислушувани разговори јавно да ги објавуваат и употребуваат за свои политички цели, јасно е дека таа и таква власт ќе проолжи со незаконско прислушување и следење.

Кога тогашниот јавен (државен) обвинител Марко Зврлевски објави соопштение со барање до медиумите, до СДСМ и ДУИ да не ги објавуваат разговорите, бидејќи е спротивно на закон, дел од јавноста, особено медиумите и интернет ботовите под контрола на СДСМ и ДУИ ги кршеа законите и објавуваа телефонски рзговори и на новинари.

Реклама

Оттука натаму, сите правила, сите етички норми и сите закони во врска со прислушувањето и следењето станаа прифатливи за СДСМ, за ДУИ, нивните медиуми и нивните симпатизери.

По се изгледа дојден е денот да се стави точка и крај на тоа зло на СДСМ, ДУИ, нивните медиуми и нивните интернет ботови да користат туѓи телефонски разговори и приватност за свои политички и комерцијални цели.

И кога СДСМ и ДУИ беа на власт пишувавме дека АНБ и другите полициски структури следат и прислушуваат.

Сигурни сме дека ова што АНБ првично го објави не е се, бидејќи и ние знаеме, а и тие знаат дека во АНБ сеуште има структури на СДСМ и ДУИ кои учествувале во ова, дека пред промена на власта се вршени уништувања на документација и траги и докази во АНБ за кои веројатно јавноста допрва ќе биде известена.

Не сме изненадени од првичните информации на АНБ, но ќе бидеме изненадени ако ова обвинителство и ова судство ни покаже обвиненија и пресуди за сторителите.

Да ги потсетиме во обвинителството и судот дека после повеќе од 5 години сеуште немаме извештаи и разрешница за прислушување на интерните телефони во обвинителството и разговори на обвинителите, како и прислушување на судии.

Материјали кои се користени за уцени на обвинители и судии да постапуваат за потреби на власта на СДСМ и ДУИ.