Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Реакција на Движење ЗНАМ за Наша Македонија на соопштението на ДУИ и изјавата на Бујар Османи

Изјавите на ДУИ се уште еден очајнички обид да се префрли вината…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изјавите на ДУИ се уште еден очајнички обид да се префрли вината од сопствените 20 години коруптивна и партиска влада врз другите. Граѓаните многу добро знаат дека ДУИ не постои за да ја брани еднаквоста, туку за да го брани својот систем на етничка трговија, партиски вработувања и корупција, стои во соопштението на ЗНАМ.

ДУИ не може да зборува за „темели на мултиетничко општество“ кога токму нивните партиски послушници преку балансерот ги уништуваа институциите и го поставуваа сопствениот интерес над законот. Со балансерот не се вработуваа чесни граѓани од сите заедници – туку свои блиски, братучеди и партиски послушници!

На тој начин, се создаде паралелна држава во која членската книшка на ДУИ вредеше повеќе од диплома, знаење или труд.

Реклама

Народот памети и дека Артан Груби и неговите соработници ја претворија државата во личен бизнис клуб и создадоа длабоки поделби меѓу граѓаните.

Бујар Османи, човекот кој е симбол на лицемерие, од позиција на министер за надворешни работи, ги искористи европските и дипломатските реторики за лична и партиска корист, додека македонските интереси беа загрозени и распродадени во целост.

За Самитот на ОБСЕ беа потрошени над 120 милиони денари без соодветни документи, фактури или извештаи за трошењето.

Единствената „победа“ што ја остави по себе беше преголемото трошење јавни средства без отчетност, додека интересите на граѓаните беа ставени на маргината.

Максим Димитриевски и Движењето ЗНАМ за Наша Македонија стојат на страна на граѓаните – на сите граѓани, без разлика на етничка припадност. Нашата борба не е против заедниците, туку против коруптивниот систем што го задушуваше развојот и еднаквоста во Македонија.

За нас, како политички субјект, Рамковниот договор е завршена работа – апсолвирана и во целост исполнета. Но факт е дека правилото на Бадентер во одредени моменти ја доведува во прашање функционалноста на државата и, исто како со балансерот, се злоупотребува од моноетнички политички партии за сопствени интереси.

Како и досега, зборовите на Максим Димитриевски ќе се потврдат, веднаш по изборите.

ДУИ денес, од позиција на опозиција, може само да вреска и да шири страв и лажни сценарија. Народот ве казни за тоа што ја претворивте државата во приватна фирма и за злоупотребата на секој закон и институција за сопствени џебови.

Октомври ќе биде уште посилен удар – граѓаните ќе покажат дека корупцијата и партиската алчност не поминуваат неказнето.

Движењето ЗНАМ се залага Македонија да остане праведна, модерна и европска држава за сите граѓани, каде законот и институциите служат на народот