Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Работна средба Мичнев – Скот Хејзлет, акцент ставен на активности за отворена, транспарентна и отчетна власт

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, остварил работна средба со директорот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, остварил работна средба со директорот на Националниот Демократски Институт (НДИ) во Македонија, Роберт Скот Хејзлет. На средбата бил искажан заеднички интерес за унапредување на соработката помеѓу Министерството за јавна администрација и НДИ, со акцент на реализација на активности кои ќе го зајакнат партнерството за отворена, транспарентна и отчетна власт, информираат од МЈА.

Разговорот се фокусирал на заеднички приоритети кои вклучуваат поддршка на реформите во јавната администрација, подобрување на соработката со граѓанскиот сектор и унапредување на практиките за отчетност и вклученост на граѓаните во донесувањето одлуки.

Министер Минчев ја потенцирал важноста на интегрираните напори во насока на унапредување на јавните политики и институционалните капацитети, со цел да се обезбеди поефикасно и поинклузивно управување за граѓаните. Во таа насока, тој посебно ја истакнал Иницијативата за Партнерство за Отворена Власт (ПОВ), која Министерството ја спроведува како клучен механизам за промоција на транспарентност, отчетност и граѓанско учество.

Реклама

Двете страни потврдиле интерес за продлабочување на дијалогот и имплементација на конкретни активности во наредниот период, со цел, како што се наведува, да се поттикнат принципите на отворена власт и граѓанско учество во процесите на донесување одлуки.