Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Работилница за зајакнување на соработката помеѓу Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство

Партнерството помеѓу ревизорските и обвинителските органи претставува клучен механизам за заштита на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Партнерството помеѓу ревизорските и обвинителските органи претставува клучен механизам за заштита на јавниот интерес, борба против корупцијата и обезбедување отчетност и интегритет во користењето на јавните средства, истакнаа републичкиот Јавен обвинит Љупчо Коцевски и Главниот државен ревизор Максим Ацевски, на отворањето на работилницата за дополнително зајакнување на соработката меѓу двете институции, организирана со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер во државата и Британската Амбасада во Скопје.

-Јавните обвинителства активно постапуваат и ги користат ревизорските извештаи во постапките што ги водат за различни кривично-правни настани. Притоа, во последниот извештаен период поднесени се неколку обвиненија во предмети засовани врз наодите од ревизорските извештаи и во тек се или се очекува почеток на судски постапки. Така, во предметот „Онкологија“, кој е од особен интерес на јавноста, заврши истрагата и беше поднесен обвинителен акт. Веќе е започната судската постапка во која ревизорските наоди и согледувањата на ревизорите кои постапувале се важен доказ, истакна државниот јавен обвинител Коцевски, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

На работилницата била презентирана улогата и резултатите од истражните центри во јавните обвинителства, кои како специјализирани единици придонесуваат за поефикасна координација и спроведување на истражните постапки. Нивната работа е од особено значење во собирањето и анализа на податоци, поддршката на обвинителите при водење на истраги и зајакнувањето на институционалната соработка, особено во случаи поврзани со финансиски криминал и коруптивни практики.

Реклама

Исто така, била разгледана и имплементацијата на Меморандумот за соработка меѓу Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство, кој создава цврста основа за заедничко делување и поефикасно постапување по ревизорските извештаи, со цел поголема отчетност и заштита на јавниот интерес.

На состанокот беа организирани одвоени работни сесии помеѓу јавни обвинители и ревизорски тимови за постапувањето по конечните ревизорски извештаи, каде што се споделија искуства и практични предизвици со цел унапредување на идните процеси и зголемување на ефективноста на институционалните механизми, стои во соопштението.