Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Работен состанок на Стопанската комора и бизнис заедницата со цел поддршка на Макпрогрес – Виница

Во организација на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески денеска ќе биде одржан работен состанок со претставници на најголемите ланци на маркети, дистрибутери, Советот на странски инвеститори, како и претставници од здруженијата, со цел поддршка на компанијата Макпрогрес – Виница, по неодамнешниот пожар кој предизвика сериозни штети врз дел од имотот и производствените капацитети.

Како што стои во соопштението на Стопанската комора, на состанокот ќе се обратат претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и првиот човек на Макпрогрес Глигор Цветанов, којшто, како што велат од Стопанската комора, ќе ги соопшти идните насоки за работењето на компанијата и деталите во врска со пожарот.

– Целта на состанокот е креирање на кампања за засилена продажба на производите на Макпрогрес – Винчини, Сончева Долина, Натура, Дониа, Фантазиа, како и голем дел од производите кои се произведуваат под приватни трговски марки на водечките малопродажни ланци на маркети во Македонија. На состанокот ќе се обратат Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија. Глигор Цветанов, прв човек на Макпрогрес, кој лично ќе ги соопшти идните насоки за работењето на компанијата, како и деталите околу настаните од саботата, стои во соопштението.

Реклама