Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

„Пулс“ не бил единствен во Кочани – кривични пријави против угостителски објекти – дивоградби

Кривична пријава против угостители за узурпација и бесправна градба во трговскиот центар,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривична пријава против угостители за узурпација и бесправна градба во трговскиот центар, во Кочани, поднесе в.д.градоначалникот, Венко Крстевски. Според Крстевски, по направените контроли утврдено е дека и Трговскиот центар, наликува на Пулс. Угостителските услуги се вршат во дивоградби и елаборатите не соодвествуваат со реалната слика. Се надева на брза реакција од Обвинителството, се со цел да не се случи уште една трагедија.

   „Како е можно да се прават елаборати кои не соодветствуват со реалната слика , нешто по примерот на Пулс. Даден е налог за постапување на инспекторката за животна средина  да ги провери елаборатите на сите угостителски објекти и дали соодветствуват со нивната реална слика. Со жалење може да констатирам дека на угостителите кои работат  поважен им е личниот профит отколку безбедноста и здравјето на граѓаните„ изјави в.д.градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски.

Од пред кочанското Обвинителство, Крстевски, ги повика Агенцијата за храна и ветеринарство и Држаниот пазарен инспекторат,  да одговорат како е можно да толерират работа во дивоградби кои преставуваат сериозна закана по безбедноста на граѓаните.

Реклама

  „Дали има контроли и што значат тие контроли од страна на Државен пазарен инспекторат? Зошто се дозволува работа во тие дивогради. Сакам да ја прашам АХВМ , како е возможно да се добие хасап дозвола за угостителски објект кои служи храна и доколку кујната е дивоградба? Како е можно да се добие хасап доколку во кујната постојат броила кои се во непосредна близина на фритезата?„ праша в.д.градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски.

Директорот на ДПИ, Влатко Стојковски, за Алфа, вели дека тие како инспекторат се максимално посветени и редовно се спроведуваат координативни контроли, низ целата држава, посебно на територијата на Кочани. Како инспекторат немаат право да отсрануват дивоградби, но за сите констатирани нерегуларности се издадени платни налози и е известена општината. Се огласија и од Агенцијата за храна и ветеринарство..

АХВ нема надлежност за постапување, како што нема надлежност ниту во делот на издавање елаборати за HACCP, ниту е надлежна за приклучување на електричната мрежа. Основно е операторите да се рагистрираат како оператори со храна во АХВ за што, освен пополнетото барање  за регистрација на објектите и операторите со храна од неживотинско потекло, потребно е да го достават и  решението за упис во Централен регистар, доказ за право на користење на објектот и доказ за платена административна такса.

Угостителите, пак со став дека градоначалникот има селективен пристап кон дивоградбите, ако се земе во предвид дека се издадени околу 700 извршни решенија. Тие посочија дека се подготвени да се сретнат со Крствески, за да им објасни што смеат, а што не смеат да поставуват пред нивните објекти. Во меѓувреме Општина Кочани, почна постапка за отстранување на угостителски објекти во трговскиот центар кои се брзправно изградени на јавна површина.