Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Првите унгарски пари стигнаа за македонските компании – се очекува поттик на целата економија

Компаниите почнаа да ги добиваат евтините кредити ообезбедени со заем од Унгарија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Компаниите почнаа да ги добиваат евтините кредити ообезбедени со заем од Унгарија. Министерството за финансии ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра на Развојната банка, пари кои потоа ќе отидат кај соодветните деловни банки. Трансферот бил реализиран по доставено барање на Развојната банка, откако проектите биле одобрени. Министерката за финансии засега не кажува на колку компании ќе им бидат префрлени овие пари, во кои сектори тие работат и за колкави суми станува збор.

Вкупно 250 милиони евра ќе бидат пласирани во приватниот сектор за нови инвестиции. Една компанија може да аплицира за кредит од најмногу 10 милиони евра. Од деловните банки кои ги нудат овие кредити со трошок од 1,95% велат дека интересот бил поголем од очекуваниот. Откако премиерот рече дека поради поголемата потреба за вбризгување пари во стопанството, најверојатно преку нов заем ќе се обезбедат повеќе средства, министерката вели дека таа се фокусира на пласирање на првичните 250 милиони евра.

Парите за стопанството треба да го забрзаат инвестицискиот циклус во земјава, а со тоа и растот на економијата. Министерката за финансии е задоволна од економските перформанси за крајот на 2024 и зголемувањето на БДП од 3,2% во пооследниот квартал. Вели дека ништо не може да се промени преку ноќ, особено поради ризиците кои доаѓаат однадвор, но работите се одвивале во добра насока.. Димитриеска Кочоска сепак е претпазлива. Засега нема план да ја ревидира проекцијата за економски раст од 3,7 отсто за 2025 година.