Реклама

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Македонија

🎥 Првата антикорупционерка која е обвинета за корупција си поднесе оставка

Точно три месеци по избивањето на аферата, и една недела по поднесувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Точно три месеци по избивањето на аферата, и една недела по поднесувањето на обвинителниот акт – претседателката на Антикорупциска конечно се одважи – во сенка на кривично гонење и обвинувања за сериозни злоупотреби, Татјана Димитровска, поднесе оставка. Информацијата не пристигна од институција со која до сега раководеше, туку од кабинетот на претседателот на Собранието, каде официјално беше потврдено дека оставката е доставена и дека институциите ќе постапат според утврдените процедури.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска денес до Претседателот на Собранието Африм Гаши поднесе оставка од нејзината функција. Истовремено информираме дека Собранието ќе постапи согласно предвидените процедури, информираше прес службата на Собранието.

Овој потег доаѓа по поднесувањето обвинителен акт од страна на Јавното обвинителство, во кој Димитровска се товари за „оддавање службена тајна“ и „компјутерски фалсификат“.

Реклама

Таа е обвинета бидејќи преку својот службен телефон и апликациите Viber и WhatsApp му давала податоци на обвинет за поведени постапки поврзани со предметот „Адитив“, службени белешки за отворање на предмет и распределба на член на ДКСК, одлуки по истите, како и податоци за проверка на имот на обвинетиот и на неговото семејство. Дополнително, според обвинението, првата антикорпционерка лажно го положила испитот за добивање Сертификат за службена тајна односно поранешен колега – ревизор полагал во нејзино име.

Инаку, обвинението е дел од случајот „Адитив“, кој се однесува на сомнителна набавка на адитиви за РЕК „Битола“, вредна повеќе од 6 милиони евра.

Истрагата за овој случај започна уште во ноември минатата година, а првоосомничен е поранешниот директор на Електрани на Македонија Васко Ковачевски, кој сѐ уште е недостапен за органите на прогонот.

Судењето за „Адитив“ почна на крајот на мај – Обвинителството треба да докажува дека групата обвинети на чело со поранешните директори на  ЕСМ, Васко Ковачевски и Васко Стефанов и раководните структури во РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј, местеле тендери за набавка на адитиви за јаглен кои биле опасни по здравјето на луѓето – и проневериле 6 ипол милиони евра.