Реклама

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Економија

Пруга што ќе ја смени Македонија: Стартува најголемиот инфраструктурен проект досега

Историски најголемиот инфраструктурен проект досега станува реалност. Министерството за финансии ја почнува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Историски најголемиот инфраструктурен проект досега станува реалност. Министерството за финансии ја почнува постапката за наоѓање финансии за реализација на брзата пруга од Табановце до Гевгелија. Министерката Гордана Димитриеска Кочоска информира дека утре ќе испрати писма за намери за обезбедување пари до сите досегашни партнери меѓународни финансиски институции кои во минатото обезбедувале финансии за разни проекти, издавање еврообврзници и слично. Таа вели дека кредитот го гарантира британската Експорт банка, па добриот британски кредитен рејтинг треба да ни овозможи  и пониски каматни стапки отколку претходно.

„Станува збор за 1,91 милијарда евра кои ќе бидат побарани како понуда од една поголема листа на банки, вклучувајќи ги и оние со кои имаме постојана соработка како Светска банка, ЕБРД и ЕБОР. Ќе бидете информирани навреме како што ќе стигнуваат понудите – што ќе има внатре. Задолжени сме во рок од пет работни дена да ги доставиме писмата. Штом бидат доставени ќе добиете информации буклвално за секоја понуда. Да нема дилема, ќе бидеме максимално транспарентни какво што било секогаш Министерството за финансии“ – вели министерката.

Министерката ги негира наводите на опозициската СДСМ дека јавниот долг енормно ќе расте поради задолжувањето од 6 милијарди евра. Таа повторно потенцираше дека парите ќе се повлекуваат во етапи, онака како што ќе се градат инфраструктурните и енергетски проекти. Освен тоа, ќе се враќаат и достасани обврски, како што е еврообврзница издадена токму од Владата на СДСМ. Таа вели дека работи активно на фискална консолидација и дека бројките на крајот на мандатот ќе покажеле кој навистина се грижи за државните финансии.

Реклама

Министерката за финансии вели дека ребалансот на буџетот е при крај и во четврток најверојатно ќе биде ставен на гласање на владина седница. Не кажа повеќе детали, освен тоа дека Владата останува на истите проекции кога го донесе буџетот за 2025-та, а тоа се економски раст од 3,7% и инфлација од 2,2%.