Реклама

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Балкан

Протести во Тирана, демонстрантите ја нападнаа полицијата со молотови коктели

Шест полицајци завршија во болница со изгореници од пиротехнички средства, додека 14…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шест полицајци завршија во болница со изгореници од пиротехнички средства, додека 14 луѓе се приведени по насилните судири што избунаа синоќа во Тирана меѓу полицијата и опозициските демонстранти, предводени од Сали Берија. Тие бараа оставка од албанската влада по обвинувањата за вмешаност на заменик-премиерката во корупција.

    За време на тричасовниот протест, демонстрантите фрлаа молотови коктели врз кабинетот на премиерот Еди Рама, Министерството за внатрешни работи и седиштето на Социјалистичката партија. Покрај нападите врз институциите, демонстрантите запалија полициско возило и контејнери, а оштетени се и бројни трговски објекти во центарот на градот.

    Политичките тензии ескалираат од декември, откако Специјалното обвинителство ја обвини заменичката на Рама, Белинда Баљуку, за наводно мешање во јавни тендери за големи инфраструктурни проекти и фаворизирање на одредени компании. Баљуку ги негира обвинувањата.