Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Култура

Промовирана книгата „Бен Акиба: за нас“ во сеќавање на Бранислав Нушиќ

Во галеријата „Метаноја“ во Скопје заедно во соработка со фондацијата „Нушиќ“ од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во галеријата „Метаноја“ во Скопје заедно во соработка со фондацијата „Нушиќ“ од Белград на 24 јануари беше промоцијата на книгата „Бен Акиба – о нама“ со изложба на карикатури со ликот на Бранислав Нушиќ во авторство на карикатуристот Зоран Товирац-Тоцо. На присутите во галеријата им се обрати директорот на фондацијата „Нушиќ“, Небојша Нушиќ, внукот на Бранислав.

„Во книгата се прикажани одредени случувања поврзани за животот и работата на Бранислав Нушиќ. Тоа се ситуации кои се познати во сообраќајот, во меѓу човечките односи, односот на властите кон народот. Нешто што и ден-денес е актуелно и живо, затоа книгата е толку интересна и, нормално интересна е поради тоа што е опремена со карикатури кои ги изготви карикатуристот Зоран, нашиот соработник, а тоа се овие карикатури кои можете да ги видите“ вели Небојша Нушиќ, директор на фондацијата „Нушиќ“

На спонтан начин менаџментот на галеријата Метаноја се сретнала со членови од  фондацијата Нушич каде што и двете страни се договориле за одлична соработка.

Реклама

„Овде на ул. Максим Горки, галерија „Метаноја“ каде што и Нушиќ често поминувал, зошто тој живеел тука во овој круг и тоа му било како едно од омилените улици на кои поминувал. Така што, претставниците на фондацијата навистина изразија желба да се случи тука ваква една изложба и промоција на книга“ кажа м-р Неда Милкова, директорка на галерија „Метаноја“

Во Македонскиот народен театар премиерно се изведе претставата „Народен пратеник“ во режија на Егон Савин од комедиографот Бранислав Нушиќ. Со оваа претства МНТ ја продолжува прославата на осумдецениското постоење. За 80 години, ова е трета постановка на „ Народен пратеник“ во МНТ и трета соработка на Савин со театарот.

Давид Крстевски