Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Култура

Промовирана книгата „Гледна точка“ на Бојаџи – спој на наука и белетристика

Македонската книжевна сцена е збогатена со ново дело кое ветува дека ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската книжевна сцена е збогатена со ново дело кое ветува дека ќе остави траен белег – „Гледна точка“ на познатиот сценарист, продуцент и режисер Јани Бојаџи.

Оваа книга, спојува научна анализа со белетристички елементи, со што е наменета за сите љубители на филмската уметност, без разлика дали се професионалци или ентузијасти.

Книгата „Гледна точка“, која беше промовирана во Кинотеката на Македонија, е комплексно дело што ја истражува уметноста и техниката на филмот од научен и практичен аспект.

Реклама

Бојаџи успева да ја прикаже кинематографијата низ призма која ќе инспирира и професионалци и љубители, со што создава дело што е истовремено и учебник и извор на инспирација.

Како што истакнува авторот: „Книгата од научен аспект го обработува проблемот на кинематографијата, на филмот, поточно на режисерот како генератор на сите проблеми во уметноста на филмот. Но, ја адаптирав на ниво на белетристика за да може да ја чита не само читател кој е инволвиран во уметноста на филмот, туку и најобичен читател.“

Промоторот на книгата, Александар Русјаков, смета дека „Гледна точка“ нуди можност за читање на повеќе нивоа: како учебник за студенти и како инспиративно дело за сите љубители на филмот.

„Кога ја земав книгата, првата мисла ми беше дека се наоѓам пред научно дело кое бара концентрација и посветеност. Но, како што напредував низ страниците, увидов дека тоа не е обично научно четиво. Тоа е книга што се чита со леснотија и инспирација, секоја спектакција носи нова перспектива и ново разбирање на филмската уметност. Она што Бојџи го постигнал е нешто што се гледа – спој на длабока стручност и лесно наративен стил кој ги повикува читателите да размислуваат, но и да се восхитуваат“, додаде Русјаков.

Со многу љубов и посветеност, Бојаџи ја напишал книгата врз основа на трудовите објавувани во последните десет години.

Во неа, како што самиот истакнува, се содржани стотици цитати од познати филмски дела и автори, што дополнително ја збогатува и ја прави привлечна за сите кои сакаат да проникнат подлабоко во светот на кинематографијата.

Со „Гледна точка“, Јани Бојаџи не само што ја збогатува македонската книжевна сцена, туку и поставува нови стандарди во интердисциплинарниот пристап кон уметноста. Ова дело, кое носи уникатна комбинација на научен и литературен израз, несомнено ќе привлече широка читателска публика и ќе остави значаен печат во областа на филмската уметност.

На промоцијата, која беше посетена од голем број љубители на филмот и литературата, имаше и премиерна проекција на трејлерот за новиот игран филм на Бојаџи, „Утре наутро“.

Трејлерот за „Утре наутро“ ветува современа политичка драма, која, според впечатокот од присутните, ќе предизвика силни емоции и размислувања кај публиката.

Јани Бојаџи е доктор на науки, професор по филмска и телевизиска режија и директор на Телевизија Алфа од 2019 година. Автор е и на повеќе филмски и телевизиски остварувања, а ова е неговото прво литературно дело.